Утре и задутре минирање во скопско


Од Регионалниот центар за управување со кризи известуваат дека на ден 24.01.2023 год. (вторник) и 25.01.2023 год. (среда) во периодот од 8 – 16 часот на површинскиот коп за калцитски мермер „Зелениковец“ – Говрлевска Краста – Скопско, ќе се врши минирање.  

Во првото полугодие 81 ученик од Штип се отпишале поради заминување во странство


Осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева, денеска истакна дека оваа бројка на испишани ученици е од септември до декември 2022 година, односно за време на првото полугодие од учебната 2022/2023 година.   – Податоците […]

Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сѐ уште е во градба. Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани […]

„Титаник 2“: Сашо Мијалков, Мендух Тачи и другите обвинети добија по две години затвор


  Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни. На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две […]

Зелен хуман град предлага 15 мерки за намалување на аерозагадувањето


Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град” предлага шест мерки кои треба веднаш да се спроведат и девет кои треба да се реализираат во наредните три години со цел намалување на аерозагадувањето во Скопје. Со овие мерки предложени до Советот на Скопје, како што посочуваат од „Зелен хуман град”, се заокружува логична целина и тие водат кон една иста […]

Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за „Титаник 2“


 Основниот Кривичен суд – Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот […]

На Шапка 60 сантиметри снег, во Маврово 10


 На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лзарополе, соопшти УХМР. Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри. Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и […]

Од чадот на цигарите ги заборавивме забраните


Северна Македонија е лидер во Европа по потрошувачка на цигари.Половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4%) пушат, што е далеку над ЕУ просекот за употреба на тутун (29%). Просечен Македонец пуши во 20 цигари дневно, а во прилог на ваквата зависност е тоа што земјата има најниска цена на цигари во регионот и Европа – 1,7 […]

Пенов: Општините останаа без капитални инвестиции и ги зголемуваат долговите


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, сублимирајќи ги ефектите во работата на општините во 2022 година, во интервју за Фронтлајн, констатира дека изминатата година немало капитални инвестиции во општините и дека таа година е најниско нивото на инвестирање. При тоа, министерот Пенов во предвид ги зема и објективните и субјективните причини за тоа. Во објективните секако […]

Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023


За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата. Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование […]

Променливо облачно, попладне со пообилни врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места


Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 23 јануари 2023 година, 23-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 342 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 37 минути. Денов трае 9 часа и 41 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески


По 19. пат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација Центар ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески, кого, за жал, прерано го загубивме. Крводарителската акција ќе се реализира в среда, во холот на Домот на АРМ, во периодот од 9 до 17 часот.  – […]

Утре без струја делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 23.01.2023 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: • од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Мите Богоевски. (Општина Аеродром) • од 10:30 до 14:00 […]

Учебниците по математика и општество за II одделение ќе се делат во второ полугодие


Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат […]

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ досега немал атмозсферска канализација


Денес направивме увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, каде покрај коловозот, се обезбедуваат нови пешачки и велосипедски патеки. Реконструкцијата на булеварот опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи […]

Протест за спас на МКЦ – се потпишува и петиција


Стотици граѓани од најразлична возраст се собраа денеска напладне, пред Младинскиот културен центар (МКЦ), каде со музичка програма на бројни изведувачи, потпишуваа петиција и протестираа во „одбрана на МКЦ“. На настанот организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, посетителите го изразија своето незадоволство од неодамнешните случувања со центарот и побараа МКЦ да не се […]

Тројца во Скопје вчера, биле каснати од бездомни кучиња


  Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на […]

Учениците од Лабуништа од утре ќе ја бојкотираат наставата


Над илјада ученици од село Лабуништа од утре започнуваат со бојкот на наставата во основното и средното образование. Одлуката е донесена, синоќа на граѓански собир организиран од Месната заедница на Лабуништа, во знак на револт на работењето на каменоломите; пишува Охриднет. Велат со години каменоломите во селото им го уништуваат здравјето, бараат надлежните итно да […]

Во Македонија регистриран првиот случај на корона со новиот сој „кракен“


  Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава […]