Пролетта решила да дојде ден пред 8 Март


Утре е Денот на жената – 8 Март. Убав ден – борбен ден. Ќе го одбележат маршови, пораки големи колку и борбата на жената за еднаквост. Ќе се прослави како и секоја година и ќе се заборави на него до следната година.

Денеска пак, пролетта реши да дојде, иако календарски има уште речиси две недели од зимата. 

Покрај сите дупки по улиците и тротоарите, расфрлан отпад, преполни контејнери, метеж во сообраќајот, нервозни возачи и уште понервозни пешаци, ако погледнете нагоре, ќе видите расцветани дрвја. Токму ним им се радуваат пчелите. 

Какво и општество да сме створиле, колку и неправди да сме голтнале, природата нè потсетува дека таа може, ако сака, да преземе сè во свои раце. Против неа не можеме.

Ова го потврдуваат фотографиите на Б. Грданоски, кој денеска, како и секој ден го крстареше центарот на Скопје. Погледнете ги во продолжение: