Не помина предлогот кучиња да се возат во автобусите на ЈСП


Фото: Б. Грданоски

Советниците во Советот на Град Скопје не ја прифатија иницијативата на „Зелен хуман град“ за кучиња и мачиња да се возат во автобусите на ЈСП Скопје.

Според советниците, во моментов во јавниот превоз нема услови за возење на граѓаните, а не за домашни миленици.

– Во автобусите нема место за граѓаните, секојдневно има гужви во возилата. Мојот пријател дома чува прле, за него тоа е миленик, дали ќе значи дека може да го качи во автобус? Колку голема куче ќе може да се качува, дали може и кане корсо или само мали кучиња, кажа советникот Страшо Ангеловски.
 

Ангеловски доби реплика од Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ која му кажа дека магаре не се чува во стан, а тоа значи дека не е домашен миленик.