Во МКЦ почнува есенското издание на Перформанс Платформа фестивал 2026


Со презентација на процесот од истражувачката резиденција „Другиот споменик“ вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) започнува есенското издание на Перформанс Платформа фестивалот (ППф) 2026. Како што соопштуваат организаторите, овогодишното есенско издание, кое се одвива во време на социополитички предизвици, е фокусирано на отворање простор за алтернативни и критички гледишта преку уметноста. Политиката на фестивалот се […]

Национален форум за младинска работа во Охрид


Во Младинскиот центар во Охрид, од вчера до 12 ноември се одржува Националниот форум за младинска работа, како национална платформа за размена на искуства, идеи и добри практики меѓу младинските организации, институциите, општините и другите чинители во областа на младинските политики и младинската работа. Во текот на тридневниот форум ќе се организираат панел-дискусии, работилници, презентации […]

Променливо облачно со повремени сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе […]

Жителите на две скопски општини утре без струја, прекините започнуваат рано наутро


Дел од жителите на Аеродром и Чаир утре, 11 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции. Во општина Аеродром, без струја од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 49. Во општина Чаир, прекин на електричната енергија ќе има од 08:30 до 11:15 часот за потрошувачите на […]

Утре, уште една акција за чистење на Скопје: „Остави пример – не ѓубре!“


Да оставиме пример, не ѓубре – продолжуваме и оваа среда!, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните медиуми.   – Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во рацете што чистат и во решителноста зад себе да оставиме поубав град! Утре, во 11:00 часот, повторно се обединуваме во најголемата еко-акција! Илјадници волонтери, на повеќе […]

Катастар на оџаци, електрични автобуси, проширување на парното – стари мерки во нов план за почист воздух во Скопје


Изработка на катастар на оџаци, во кој ќе влезат сите локации каде има емисии на загадувачки супстанци во воздухот од индустријата, но и од домаќинствата е една од новите мерки кои ги предвидува Нацрт планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Во него се препорачуваат и веќе познатите мерки за зголемување на опфатот […]

Венецијанската комисија ќе го тестира новиот модел за полагање правосуден испит


Владата на денешната седница ја усвои потребата од итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Од Министерството за правда велат дека со ова ќе се обезбеди независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди. Во рамките на постапката, известителите на […]

СДСМ со 2.000 амандмани против законот за јавни набавки


СДСМ ќе се обиде да го блокира донесувањето на законот за јавни набавки со поднесување околу 2.000 амандмани, рече претседателот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој изрази забелешки на предложените законски измени, оценувајќи дека тие отвораат простор за трошење јавни средства без доволна контрола. – Законот за јавни набавки е денеска на собраниска […]

Модуларната болница во Куманово ќе се пренамени за физикална медицина и рехабилитација


 Модуларната болница во Куманово ќе биде пренаменета за потребите на Одделот за физикална медицина и рехабилитација при Општата болница Куманово. Со префрлањето на одделот во овој објект се очекува да се подобрат условите за работа и третман на пациентите, како и да се намали листата на чекање за физикална терапија. Директорот на Општата болница Куманово, […]

Каде одат општинските пари? 52 општини без граѓански буџет, а 27 без објавени договори за јавни набавки


Колку се отворени општините кон граѓаните кога одлучуваат за трошењето на јавните пари? Колку простор оставаат за нивните потреби и приоритети и колку отчетно управуваат со општинските буџети? Иако локалната самоуправа е најблиското ниво на власт до граѓаните, транспарентноста, учеството во одлучувањето и контролата врз трошењето на јавните средства и натаму остануваат сериозен предизвик. Најновиот […]

Царината добива електронски пристап до казнената и кривичната евиденција, потпишан договор со Врховниот суд


Царинската управа ќе добие електронски пристап до казнената и кривичната евиденција за физички и правни лица, како и до податоците за изречени забрани за вршење дејност и одземена деловна способност. Ова го овозможува договорот за електронска размена на податоци што денеска го потпишаа директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм […]

Поставен контејнер за собирање текстил пред ООУ „Коле Неделковски“ во Центар


Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад,  пред основните училишта и детските градинки. „Првиот контејнер за текстилен отпад го поставивме пред ООУ „Коле Неделковски“. Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за […]

Во завршна фаза есенската дератизација во Општина Кисела Вода, опфатени над 2.000 шахти


Во завршна фаза е редовната есенска дератизација на територијата на Општина Кисела Вода, при што досега се опфатени над 2.000 шахти во речиси сите месни и урбани заедници. Активностите ги спроведува специјализираната компанија „Токсивет“, а за целосно завршување на акцијата останува уште урбаната заедница Бирарија, каде што екипите ќе работат утре. Со дератизацијата се врши […]

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата […]

„Безбеден град“ се шири и во Струмица, Битола и во Штип


Министерството за внатрешни работи планира да ги опреми полициските возила со камери што ќе мерат брзина во движење, а на критичните сообраќајни точки ќе поставува и мобилни уреди. Тошковски најавува проширување на системот во Струмица, Штип и во Битола. Возачите веќе нема да можат да сметаат дека сообраќајната контрола ги чека само на однапред познатите […]

Аеродром и УНДП даваат пари за граѓански здруженија за здравје, животна средина, лица со попреченост и дигитална трансформација


Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за граѓанските организации во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата претставува продолжение на партнерството меѓу Европската Унија и УНДП, надоврзувајќи се на претходните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2, спроведени во периодот од 2017 до […]

Заврши судењето за РЕК „Битола“, пресудата овој четврток


  БИТОЛА – Заврши судскиот процес во кој му се суди на екс-директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште девет обвинети, и во кој е замрзнат имот од 3,5 милиони евра на битолската фирма „Рудкоп“, а пресудата се чека оваа недела. Со сарказам и анегдоти насочени кон медиумското известување во јавноста, адвокати од Битола […]

ЛДП покрена петиција за електронска нараквица – се потпишаа 15.000 граѓани за три дена!


 За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство. – Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за […]

„Лајка“ лани заловила и третирала 75 отсто повеќе кучиња од претходната година


Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 […]

Промовиран филмот „До први“: Како се живее со минимална плата?


Види Вака го промовираше документарниот филм „До први“, во кој пратеничката Моника Зајкова го прифати предизвикот седум дена да живее со минимална плата. Преку ова лично искуство филмот ја прикажува реалноста на секојдневниот живот со минимални примања и ги отвора прашањата за тоа дали со минималните примања може да се обезбеди достоинствен живот. „Сите ние […]