Жителите на две скопски општини утре без струја, прекините започнуваат рано наутро


Фото: Б. Грданоски

Дел од жителите на Аеродром и Чаир утре, 11 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Во општина Аеродром, без струја од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 49.

Во општина Чаир, прекин на електричната енергија ќе има од 08:30 до 11:15 часот за потрошувачите на дел од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Методија Митевски“.

Прекинот во Чаир е поради планирани работи во трафостаницата Топаанско Поле 11, кои опфаќаат чистење, дополнување масло во кабловските глави и проверка на расклопната опрема.