Утре, уште една акција за чистење на Скопје: „Остави пример – не ѓубре!“


Да оставиме пример, не ѓубре – продолжуваме и оваа среда!, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните медиуми.
 
– Силата на Скопје е во неговите луѓе.
Во рацете што чистат и во решителноста зад себе да оставиме поубав град!
Утре, во 11:00 часот, повторно се обединуваме во најголемата еко-акција!
Илјадници волонтери, на повеќе од 50 локации низ сите скопски општини, ќе чистат паркови, улици, пешачки патеки и простори меѓу зградите.
Ги повикувам сите скопјани да ни се приклучат. Секој придонес значи почисто катче, секој личен пример поттикнува нова промена – порачува градоначалникот.
За точните локации и приклучувањето, граѓаните треба да се информираат во нивните општини.
 
Тој додава дека како институции, обврска им е да обезбедат редовна чистота, а заедничка одговорност е да го чуваме градот.
– Оние што создаваат депонии мора да понесат одговорност. Нечија несовесност не смее да го поништува трудот на илјадници луѓе! – вели Ѓорѓиевски.