Астрономски календар


Денеска е четврток, 12 ноември 2026 година, 316-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 49 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 55 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Таравари: Влен го зафати политичка амнезија, влезе во илузија


  Откако Влен денеска соопшти дека ДУИ била вмешана во влезот на Алта банка во Македонија, Арбен Таравари, претседателот на Алијансата за Албанците, реагираше дека владиниот коалициски партнер го зафатила политичка амнезија. „Алта банка официјално влезе во Северна Македонија во септември 2025 година. Во тоа време, дел од владата беше Влен, а и денеска е […]

За еден месец ќе проработи жичницата до Водно – се чека моторот


Ја обновуваме жичницата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед! – ветува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако ја затвори во мај, годинава.   Жичницата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град, романтичен е градоначалникот, но потсетува дека […]

Проф.д-р Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора


На седница на Собранието на Лекарската комора проф.д-р Никола Јанкуловски денеска е избран за претседател на оваа професионална организација на сите доктори по медицина. За негов заменик е избран д-р Идриз Орана. На седницата беа избрани и тројца потпретседатели, д-р Биљана Петковска Огњанова – потпретседател за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска – потпретседател за секундарно […]

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј


Членови на Комисијата за култура и туризам, денеска, остварија работна посета на Археолошкиот музеј. Посетата се реализираше во рамките на активностите на Работната група за посета на институции од областа на културата. Главна тема на средбата беше Предлог-националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2027–2031 година, која е влезена во собраниска […]

Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров


Четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров добија мерка упатување во воспитно-поправен дом. ​ На првообвинетата малолетничка ѝ е изречена мерка во траење од една година, додека за останатите три е определен престој од по осум месеци. Од Кривичниот суд потврдија дека одлуката сè уште не е […]

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје. – Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се […]

Наунов: Нема да дозволиме спорни вештачења и неправди да ја прикријат одговорноста за пожарот во „Пулс“


Претседателот на Здружението „16 март“ и родител на една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“, Александар Наунов, во врска со денешното судско рочиште изјави дека семејствата на настраданите нема да дозволат одговорноста да биде релативизирана преку спорни вештачења прашувајќи дали корупцијата и привилегиите ќе продолжат да ја газат вистината. Наунов посочи дека на денешното […]

Субхи Јакупи, е избран за претседател на Управниот суд


Aктуелниот судијата во Вишиот управен суд, Субхи Јакупи, е избран за претседател на Управниот суд. Toj jа доби подршката од мнозинството членови на Судскиот совет, со оценка дека неговата програма, досегашното искуство и познавањето на управното судство го издвојуваат меѓу кандидатите. Во расправата, повеќе членови ја истакнаа неговата способност за раководење, искуството стекнато во Вишиот […]

Славески поднел кривични против Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за Алта Банка


Народната Банка и гувернерот Трајко Славески поднеле две кривични пријави поради случувањата со Алта Банка АД Битола, дознава Press24. Едната кривична пријава е против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ. Другата посебна кривична пријава е против секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски.  Засега нема […]

Комуналните редари од денеска стартуваат во општина Бутел


Од денеска, на територијата на цела Општина Бутел, официјално започнуваат со работа комунални редари, информира градоначалникот Дарко Костовски. „Униформирани и опремени со службено возило, комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во нашата општина“, истакна Костовски. Тој посочи дека нивната задача ќе биде да се грижат за комуналниот ред, јавната чистота, […]

Зимата носи предизвици – РСБСП со кампања за безбедноста во сообраќајот


Зимата носи предизвици, безбедноста во сообраќајот е наша одговорност. Управувањето со моторно возило во зимски услови бара зголемена внимателност, одговорност и целосна подготвеност од секој учесник во сообраќајот. Намалената видливост, влажните коловози, снегот и голомразицата значително го зголемуваат ризикот од сообраќајни незгоди и ја наметнуваат потребата од повисоко ниво на сообраќајна дисциплина и превентивно однесување, […]

Лашкоска: Нема одложување на новите еколошки обврски за индустријата


Законот за контрола на индустриски емисии ќе почне да се применува од септември 2027 година, а одложување на обврските нема да има, порача заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на панелот „Рударство, развој и животна средина“, одржан во рамки на Стручното советување со меѓународно присуство ПОДЕКС–ПОВЕКС во Охрид. За опфатените рударски и […]

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“


Со цел споменот на 63-те загинати во трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани да продолжи да живее и за идните генерации, семејствата преку Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ започнаа јавен повик за донации за изградба на меморијален парк под името „Патека на бесконечноста“.   Станува збор за иницијатива на семејствата […]

Пад на продажбата на станови, но затоа за 45 отсто зголемени закупите


Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите. Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % […]

Средношколците остануваат без здравствено осигурување штом наполнат 18 години – за тоа дознаваат кога ќе се разболат


Учениците од четврта година средно образование, освен училишните обврски како матурските испити и матурската забава, ги чека и најважниот ден, кога ќе го прослават полнолетството и влезот во светот на возрасните. Но, славењето има своја цена. Штом ќе наполнат 18 години, иако се ученици во четврта година, остануваат без здравствено осигурување и за тоа не […]

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола


Општина Центар и оваа година финансиски им помага на младите да се стекнат со возачка дозвола. Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 центарци добија по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од интересот за мерката и ги повика младите кои ги […]

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка


 Најтопло утрово е во Демир Капија и Претор, а најстудено во Берово и на Попова Шапка, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. До 8:30 часот, најниска температура, 5 Целзиусови степени, е регистрирана во Берово, Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Битола, Виница и Лазарополе, 7 во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Кавадарци и Струмица, 8 […]

Лекарската комора избира нов претседател и раководни тела со четиригодишен мандат


Лекарската комора денеска ќе одржи изборно-конститутивна седница на која треба да биде избран нов претседател и формирани и телата, органите и комисиите на Комората. Со изборот на новото раководство и формирањето на работните тела ќе започне новиот четиригодишен мандат на Комората, која ги претставува и ги штити професионалните интереси на докторите по медицина во државата.

Самостојна изложба „Криза“ на Андреј Антевски во КИЦ


Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на слики насловена „Криза“ од ликовниот уметник Андреј Антевски, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2025 година. Изложбата, која ќе биде поставена до 22 ноември, преку ликовниот израз ги преиспитува современите општествени состојби, транзициските предизвици, институционалното распаѓање и социјалната исцрпеност. […]