Целосно слеп човек го викнале пак да докажува дека е слеп – Комисијата утврди дискриминација од страна на стручната комисија


Целосно слеп човек, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Покрај тоа, помошта што претходно ја добивал во поголем обем му била определена во помал обем. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го испитала […]

Кобила се ождреби на улица во Скопје – сите снимаат, никој не помага


Несекојдневна глетка утрово ги изненади жителите на скопската населба Карпош. Кобила се ождреби на улица. Граѓанинот Игор Паневски објави фотографии на социјалните мрежи.  Засега не се знае кој е сопственикот на кобилата.  Активистката Билјана Николовска наведува дека застанала и го префрлила ждребето на тревата покрај патот, бидејќи, како што вели, никој не се обидел да […]

Скопје синоќа не спиеше, пулсираше во ритамот на „Бела ноќ“


Скопје синоќа живееше во знакот на 22. издание на „Бела ноќ“, кое на повеќе локации низ градот понуди музика, уметност, изложба, театар и забава до раните утрински часови. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија беа претворени во голема отворена сцена. Еден од главните настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ […]

Во Берово утрово измерени – 4 степени


Најниска температура утрово е измерена во Берово – 4 степени. Во Битола температурата беше еден степен, во Скопје-Петровец, Маврови Анови, Струмица, Демир Капија, Тетово два, на Попова Шапка, Крива Паланка, Прилеп три, во Велес и Куманово 4, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крушево и Претор пет и во Виница седум степени.  Утрото […]

„Розов пикник појадок“ во Градски парк кај Школка


Розов пикник појадок“, настан организиран во партнерство помеѓу ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на поддршка на пациентите со рак и нивните негуватели, и Medicus Help денеска ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје кај Школка под слоганот: „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“. Главната цел на настанот, како што велат организаторите, е да им се оддаде […]

Од Рекорд до Аеродром и Хром – голем дел од сообраќајниците затворени за сообраќај – стартува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон


Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе учествуваат на годинешното 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи денеска во Скопје. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од […]

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден


Времето денеска ќе биде со ведро и студено утро, а преку денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 4 октомври 2026 година, 277-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 88 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 18 часот и 11 минути. Денов трае 11 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Наскоро „Безбеден град“ ќе препознава неносење кацига


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната […]

Правда и судење без одолговлекување, побараа родителите на „Маршот на ангелите“


Чиста правда и судење без одолговлекување побараа денеска родителите на настраданите во пожарот во „Пулс“, на 50. „Марш за ангелите“ во Кочани, пренесе МИА. Маршот, кој родителите вообичаено го започнуваат од „Паркот на Револуцијата“, денеска заврши пред Основниот суд во Кочани, со попатни станици кај Трговскиот центар, пред зградата на Управата за јавни приходи и […]

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари


Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да ги прифати барањата на студентите за зголемување на надоместокот за студентски оброк, субвенционирање на меѓуградскиот превоз и подобрување на условите во студентските домови. Студентските организации бараат субвенцијата за студентскиот оброк да се зголеми од сегашните 140 на 200 денари, како и да се обезбеди попуст на билетите за […]

Мостот „Љубљанска“ треба да профункционира до крајот на годинава


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. „По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција на скопјани! За нашиот […]

Ѓорѓиевски најави акција против дивите продавачи низ улиците


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека акциите против дивите продавачи ќе продолжат и во наредниот период, не само кај Бит-пазар, туку и околу пазарите во другите скопски општини.Ѓорѓиевски порача дека продажбата на булеварите, пешачките и велосипедските патеки нема да се толерира и дека оние што ќе ги повторуваат прекршоците повторно ќе бидат казнувани. „Од самиот […]

Мисајловски: Треба да ги знаеме и да ги славиме хероите што го дале животот за Македонија


Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата – истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 […]

Левица предлага војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура


Левица предлага формирање посебна државна служба во рамките на Министерството за одбрана која би ја обезбедувала критичната цивилна инфраструктура, а во неа би можеле да бидат ангажирани и професионалните војници кои по навршување 45 години повеќе не можат да продолжат како професионални војници во Армијата. Предлог-законот за критична инфраструктура на седница на Законодавно-правната комисија го […]

Експресен пат од Радовиш преку Струмица до Бугарија: Почна подготовката на документацијата


Mинистерot за транспорт Александар Николоски денеска беше во работна посета на Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за инфраструктурните проекти во општината и плановите за нејзин понатамошен развој.Една од поголемите најавени инвестиции за целиот регион е изградбата на експресен пат кој треба да се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, до границата […]

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис


Левица дава целосна и недвосмислена поддршка на жителите на Шупли Камен кои повторно се принудени со протест и блокади да го бранат речното корито на Пчиња, сопствените бунари, нивите и основното право на безбедна животна средина.Жителите на Шупли Камен веќе еднаш ја водеа оваа битка и го запреа ископот. Седум години подоцна, наместо државата да […]

ЛДП бара „главните партии“ да вратат 4 милиони евра


Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабоко огорчување и најостар протест против тоталната деградација на јавниот говор и политичката дебата во нашата земја, се наведува во соопштението на ЛДП. -Кога еден лидер на помала партија почна да го користи овој ужасен речник, наместо сите да го осудат и изолираат, сега и “главните партии” почнаа да го практикуваат. […]

„Бела ноќ 2026“ во Скопје – концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите


Концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи, како и програма за најмладите ќе има денеска на повеќе локации во Скопје, во рамки на манифестацијата „Бела ноќ 2026“, која нуди богата културна програма. Организатори се ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, според кои, манифестацијата и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка […]

Ден на граѓанските организации во Градски парк


 Во Градскиот парк кај фонтаната „Лотос“ во Скопје денеска ќе се одржи Фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ 2026. Фестивалот официјално ќе биде отворен напладне кога на присутните ќе им се обратат амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија Кристоф Сомер и директорот на МЦМС Александар Кржаловски. Потоа програмата продолжува со музика, најпрвин […]