Средношколците остануваат без здравствено осигурување штом наполнат 18 години – за тоа дознаваат кога ќе се разболат
Учениците од четврта година средно образование, освен училишните обврски како матурските испити и матурската забава, ги чека и најважниот ден, кога ќе го прослават полнолетството и влезот во светот на возрасните.
Но, славењето има своја цена. Штом ќе наполнат 18 години, иако се ученици во четврта година, остануваат без здравствено осигурување и за тоа не добиваат никакво известување.
– Иако се ученици во четврта година, им престанува здравственото осигурување. Дознаваат за тоа кога ќе се разболат и ќе платат приватно лекување. Потоа мора да носат потврда во Фондот дека се ученици. Истото се случува и кога матурираат. Децата не знаат цело лето дека не се осигурени, па чекаат потврдат од факултетот кога ќе почне академската година. Родителите навистина не знаат зошто е толку нетранспарентно и комплицирано – вели загрижен родител на бруцошка која минатата пролет матурирала, а сега чека да ѝ почне првиот факултетски семестар.
Целиот текст ТУКА