Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“
Станува збор за иницијатива на семејствата на загинатите, чија цел е создавање достоинствено спомен-обележје посветено на 63-те млади животи. Меморијалниот парк е замислен како место за тишина, молитва и сеќавање, каде што имињата на загинатите ќе бидат зачувани и за идните генерации.
Од Здружението велат дека основниот проект веќе е изработен, а следниот предизвик е обезбедување средства за неговата реализација. Затоа упатуваат апел до граѓаните, компаниите, институциите и организациите во земјава и странство да се вклучат во иницијативата.
Не е важна големината на донацијата. Важна е човечноста што стои зад неа. Секој придонес ќе биде чекор поблиску до местото каде што спомените ќе живеат, а љубовта ќе продолжи да зборува“, порачуваат од Здружението.
Оттаму посочуваат дека „Патека на бесконечноста“ не е само проект за изградба на меморијален парк, туку и завет на семејствата дека имињата, соништата и споменот на нивните најблиски никогаш нема да бидат заборавени.
Во рамки на повикот се објавени и податоци за уплата на донации во денари и девизи.
Донации во денари:
Примач: Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“
Банка: УНИБанка АД Скопје
Наменска сметка: 240130121745838
Назнака: Донација за „Патека на бесконечноста“
Донации од странство:
Beneficiary: ZDRUZENIE 16TI MART 2025 KOCANI
IBAN: MK07240130121745838
SWIFT/BIC: UIBMMK22XXX
Bank: Universal Investment Bank AD Skopje (UNIBANK)
Payment reference: Donation – Path of Infinity Memorial Park
Од Здружението повикуваат граѓаните да ја поддржат иницијативата, нагласувајќи дека сеќавањето на 63-те загинати е одговорност на целото општество