Комуналните редари од денеска стартуваат во општина Бутел


Од денеска, на територијата на цела Општина Бутел, официјално започнуваат со работа комунални редари, информира градоначалникот Дарко Костовски.

„Униформирани и опремени со службено возило, комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во нашата општина“, истакна Костовски.

Тој посочи дека нивната задача ќе биде да се грижат за комуналниот ред, јавната чистота, заштитата на јавните површини и општинскиот имот, како и спречувањето на вандализмот и несовесното однесување.

Граѓаните ќе имаат на располагање и посебен телефонски број 076-202-793 на кој ќе можат директно да пријавуваат комунални проблеми и неправилности.

„Нашата цел е јасна – ред во секое населено место, заштита на она што е заедничко и брза реакција на терен“, порача градоначалникот.