Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“


Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА […]

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Бидете љубопитни студенти – учете, поставувајте прашања, истражувајте


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на првиот академски час на  првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој почнува новата академска 2026/2027 година на новата генерација студенти им посака успешна академска година, истакнувајќи дека универзитетот е место за учење, поставување прашања и истражување. – Овие млади луѓе избрале […]

Сиљановска-Давкова со порака до студентите: Верувајте во силата на критичкиот ум


Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која се уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот, им порача денеска претседателката Гордана […]

Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за млади


  Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.   Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое […]

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац


  Возач на камион од Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац, потврдија за агенцијата Бета во Полициската управа во тој град. Несреќата се случила околу 01,50 часот кога камионот се превртел и потоа се запалил. На местото на несреќата интервенирале противпожарни и спасувачки екипи.

Прилеп со богата програма ќе го одбележува 11 Октомври и 85 години од Народното востание


Со богата едномесечна програма, од денеска до 3 ноември, Прилеп, градот херој ќе ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание од 1941-та. Богатата програма започнува од денеска кога стартува и јубилејниот 15-ти Џез викенд во Прилеп. Џез музичари од земјава до сабота, 3 ноември, ќе ја претставаат својата музика пред […]

Докторот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултет


По 15 дена без одговор од надлежните институции, д-р Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Василевски, лекар и приватен специјализант, преку објава се заблагодари на сите кои му дале поддршка во изминатите денови и порача дека протестот не е насочен кон ниту едно лице. […]

Послаб земјотрес во Радовиш и во Струмица


Земјотрес со јачина од 2,5 степени е регистриран ноќеска во југоисточниот дел на Македонија, покажуваат податоците објавени преку Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според првичните информации, земјотресот бил регистриран во 00:29 часот на 1 октомври, на длабочина од околу 15 километри. Од мапата на сеизмичкиот настан може да се види дека епицентралното подрачје се наоѓа во поширокиот […]

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2026 година


Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“  распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.  Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. […]

Рекорден септември на порталот „услуги“: 27.345 барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000


Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk<http://uslugi.gov.mk/> во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти. Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени […]

Македонски државјанин под истрага од АНБ за пропагандна мрежа поврзана со странски фактори


Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), презела истражни дејствија против македонски државјанин за кој постои сомнение дека е поврзан со странски фактори вклучени во креирање пропаганден апарат со мрежа на портали присутни во македонскиот медиумски простор. Според информациите од АНБ, активностите биле спроведени […]

„Мој термин“ работи на „жими мајка“: Нема листи со закажани пациенти во здравствените установи, а ГОБ „8 Септември“ не ги внесува операциите


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на темата „Мој Термин” со цел да се даде одговор на прашањето „Дали системот ‘Мој Термин’ придонел за оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствените услуги?“ Во делот на институционалното управување, со ревизијата е утврдено дека Управата за електронско […]

Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата- петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје


Во организација на Слоу Фуд Водно, во сабота, 3 октомври, од 10 до 17 часот, во Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“. Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните […]

Прв академски час на УКИМ – почнува студиската 2026/2027 година


На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава. На првиот академски час […]

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенци


Од вчера, па во наредните два дена, Скопје е домаќин на регионалниот самит на PROI Worldwide – глобална мрежа на независни PR и комуникациски агенции. На дводневниот самит, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во хотел „Мериот“, ќе учествуваат претставници на PROI агенциите членки од земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка […]

Ведро и студено утро и сончево преку денот


Ведро и постудено утро и сончево преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 1 октомври 2026 година, 274-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 91 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минута, а ќе зајде во 18 часот и 16 минути. Денов трае 11 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027


Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027 година. На веб-страницата на МОН се објавени списоци на студенти запишани во прва година кои ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид, кои воедно се објавуваат и на огласните табли во студентскиот […]

Втора меѓународна научна конференција за храна, нутриционизам и иновативни технологии во Велес


Технолошко-техничкиот факултет – Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола вчера и денеска беше домаќин на Втората меѓународна научна конференција „Food Science, Nutrition, Innovative Technologies and Sustainability – FNITS 2026“, која ги обедини науката за храна, нутриционизмот, здравјето, иновативните технологии и одржливоста. FNITS 2026 опфати 50 научни презентации во четири научни сесии, меѓународен научен […]

Практична работа во УЈП ќе посетуваат 20 полнолетни ученици од „Васил Антевски – Дрен“


Управата за јавни приходи и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Скопје денес потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образовната, практичната и техничката соработка меѓу двете институции. Меморандумот го потпишаа директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, и в.д. директорот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Александар Мијоски. […]