ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место


нема повредени лица во вчерашниот голем пожар во близина на Бит-пазар, каде изгореа три куќи и магацини.

Огнот го зафатил покривот на една двокатна куќа и делови од уште две соседни куќи.

На пожарот, настанат вчера во период од 17:20 до 20:20 часот, било интеренирано со седум противпожарни возила и 23 пожарникари на запалени објекти – куќи на Бит-пазар, поточно на улицата „Никола Мартиновски“ број 33, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.

– Материјалната штета е неутврдена и нема повредени лица. На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица – Бит-пазар – се додава во соопштението на ЦУК.