Делови од Скопје, утре, без вода
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Чаир и Гази Баба.
Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 милиметри на улица „Ферид Заири3, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од улицата „Џон Кенеди3 и со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работните активности.
Исто така, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето и на улицата „Душан Тасковиќ“, поради промена на шибери на нова мрежа ф100 милиметри.
Поради промена на воздушен вентил ф80 милиметри, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Душан Тасковиќ“, дел од „Коце Металец“, дел од „Филип Филиповиќ“, дел од „Гемиџиска“, „Тајмишка“ и „Зеничка“.