Утре без струја, повеќе улици во Скопје
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (10 ноември) повеќе потрошувачи во Скопје и околината ќе останат без електрична енергија.
Прекини во снабдувањето се најавени на следните локации:
-
Аеродром: дел од улицата „Тодор Чангов“, кај број 49, од 08:00 до 15:30 часот.
-
Гази Баба – Сингелиќ: дел од улиците „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и ТС Стрелиште Камник, од 08:30 до 11:30 часот.
-
Чаир: дел од улиците „Архиепископ Доситеј“ и „Павле Илиќ“, од 08:35 до 11:35 часот.
-
Р’жаничино: улицата 4, број 1, и околните куќи, од 09:00 до 12:00 часот.
-
Бутел: дел од улиците „Методија Митевски“ и „Петар Ичко“, од 11:55 до 15:00 часот.
-
Маџари – Хиподром: дел од улиците „Модест Мусоргски“, „Карл Хром“ и „Карл Либнехт“, од 12:00 до 15:00 часот.
Прекините се поради планирани активности за чистење и проверка на електроопремата, како и реконструкција на нисконапонската мрежа во Р’жаничино.