Без вода населба Пролет


ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска од 9 часот,без вода ќе бидат корисниците од населбата Пролет. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф5/4 на улица „Цицо Поповиќ“ 3. Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот. 

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години


Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат. […]

Ковачевски, Меџити и Агелер ќе го посетат реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија


Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, ќе го посети реновираниот дел на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити. Премиерот, министерот и амбасадорката ќе бидат пречекани од директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова. 

Општина Л-Исла од Малта ќе се збратими со општините Чаир и Сарај


Општините Чаир и Сарај денеска ќе потпишат договор за збратимување со Општина Л-Исла од Малта. Како што информираат од Општина Чаир,  на потпишувањето на договорите ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Л-Исла, Кливе Пулис, како и градоначалниците на скопските општини, Висар Ганиу и Блерим Беџети. 

Бројот на случаи со туберкулоза кај нас континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна


Бројот на случаи со туберкулоза во нашата земја континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна. Ова го потврдија за МИА од болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Бесник Зеќири, вели дека во Институтот, годишно имаат […]

Сончево со температура до 22 степена


Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Нутро во долниот тек на повардарието ќе има услови за краткотрајна ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степен. Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 24 март 2023 година,  83-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 282 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минути, а ќе зајде во 17 часот и 50 минути. Денов трае 12 часа и 18 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 6 часот и 54 минути, а […]

Утре без струја и вода делови од неколку скопски населби


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 24.03.2023 година (петок), без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. 1558 во нас. Радишани. (Општина Бутел) од 09:00 до 13:00 […]

Потребна е поголема политичка волја и лидерство во борбата против корупцијата, вели Агелер


Потребна е голема промена во политичката волја за поголем напредок во борбата против корупцијата, за подобра иднина за граѓаните во Северна Македонија и во целиот регион, иднина темелена на западните и европските стандарди вредности и норми. Граѓаните заслужуваат да имаат институции кои работат за нив и да имаат иднина во која владее правото, порача денеска […]

Намален бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години


Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на сексуалното и репродуктивното здравје кои се обработени во новата публикација на […]

Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови


Делегација од Град Скопје денеска е во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде е одржана работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и е потпишан протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир. -Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка […]

Шаќири на координативен состанок со претставници на ЕУ делегацијата во Скопје


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска одржа координативен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на кој се дискутираше за три важни закони за унапредување на квалитетот на образовниот процес во државата, а кои во моментов се во постапка на дискусија и усвојување. Станува збор за Законот за средно образование, […]

Поради дефекти без вода корисниците од неколку скопски улици


Поради два улични дефекта на водовдна цевка ф100мм. на улица „Модест Мусоргски“ раскрсница со „Лајош Кушут“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Модест Мусоргски“, „Андри Барбис“, „Карл Либнехт“ и дел од „Карл Хрон“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15.30 часот до завршување на санацијата на […]

Апелација ја одби жалбата на ЈО, потврдена пресудата на Кривичен за „Тортура“


Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „Тортура“ и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје. –  Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување […]

Шукова: На државата ѝ е потребна сеопфатна законска рамка во согласност со ЕУ законодавството за клима 


На Македонија првично и е потребна сеопфатна законска рамка дизајнирана во согласност со законодавството за клима на Европската Унија со која ќе се обезбеди солидна законска основа за стратешко планирање и креирање политики во согласност со рамката на политиките на ЕУ за клима и енергија со перспектива до 2050 година, нагласи министерката за животна средина […]

Давитковски: Во администрацијата имаме некадарни луѓе на високи позиции поради партиска припадност


Универзитетскиот професор Борче Давитковски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 вели дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше пет теста за влез во администрацијата, но одлучувачко беше интервјуто, односно личен избор. Сега се укинати дел од тестовите, но принципот е ист, вели Давитковски. -Многу луѓе во администрацијата се влезени како партиски лепачи на плакати со […]

Отворен Центар за претприемништво и креативност во Прилеп


Центар за претприемништво и креативност се отвори денеска на Економскиот факултет во Прилеп, Проектот, со вкупна вредност од 580.000 евра, доби 15% финансиска поддршка Министерството за локална самоуправа за спроведувачите – партнери во земјава. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов го поздрави отворањето на  Центарот и го истакна неговото значење за поттикнување иновативни идеи и […]

Шестгодишно девојче починало додека примало инфузија во болницата во Битола


  БИТОЛА – Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.  Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на […]

Пендаровски потпиша амнестија: Нема затвор за 280 лица за непочитување на ковид-мерките


Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им […]

Грковска: Да се вмрежуваме преку заедничките заложби за поголема отвореност, цврст интегритет и етика


Доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции, но и за односите меѓу државите. А пред сѐ, за постигнување одржлив социо-економски развој, од кој ќе имаат полза сите граѓани од овие простори, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, при промовирањето на регионалниот Форум на жени-лидери за […]