МТСП: Од октомври ќе продолжи исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1.203 денари


Во однос на информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата во месец март.

Имено, овие корисници го добиваа овој додаток во висина од 1.203 денари согласно последното усогласување од јануари 2023 година, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита.

Со оглед дека во тек е исплата на паричните правата од социјална и детска заштита за месец април, престанува правото на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, а истото ќе продолжи да се остварува од месец октомври оваа година, соопштија од МТСП.