ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар


Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски му се заблагодари и на помошник директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, […]

„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања


Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.   Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а […]

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција


Настан за промоција на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC ќе се одржи денеска во Скопје. Како што информираат од Владата, целта на форумот е да се создаде регионална мрежа […]

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден


Иднината на времето, климата и водата низ генерациите е темата на годинашниот Светски ден на метеорологијата што се одржува за време на 150-годишнината на Светската метеоролошка организација и ги истакнува минатите достигнувања, сегашниот напредок и идниот потенцијал на метеоролошките сервиси. Свеченоста по повод Светскиот ден на водите – 22 март и Светскиот метеоролошки ден – […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 23 март 2023 година,  82-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 283 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 16 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 6 часот и 29 минути, а […]

Почна Рамазан, светиот месец на постот во исламот


Рамазан, светиот исламски месец на постот, започна синоќа, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од храна и пиење од изгрејсонце до зајдисонце во следните 30 дена. Верниците  ќе се молат во одредено време за нивно физичко и душевно прочистување, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе […]

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и […]

Утре без вода дел од ул. „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и бул.„Свети Климент Охридски“


Поради промена на против пожарен хидрант ф 80 мм на улица „Митрополит Тедосиј Гологанов“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и дел од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот со водоснабдувањето, како што информират од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 9:00 часот до завршување со активностите. 

Новата велосипедска патека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ претворена во паркинг


Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доби нова велосипедска патека, која веднаш беше „пренаменета“ во бесплатен паркинг од страна на возачите на автомобили. – Имајќи ги предвид досегашните искуства со постоечките вело ленти во градов (бул. „Св. Климент Охридски“, Центар, ул. „Московска“, Тафталиџе, ул. „Борис Сарафов“, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни […]

Комплетно реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија


Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик- министерката за здравство Маја Манолева денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9,5 милиони денари. Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и […]

Во средните медицински училишта ќе се запишуваат само редовни ученици


Министерството за образование и наука ги извести сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување почнувајќи од мартовската испитна сесија. Како што информира МОН, претходно запишаните вонредни ученици продолжуваат со полагањето на предвидените испити, но во следниот […]

Случајот „Транспортер“ стигна во Врховен суд, за првпат ќе се тестираат помилувањата по одлуката на Стразбур


    Случајот „Транспортер“ во којшто е осуден поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески повторно стигна пред Врховниот суд. Одбраната на обвинетите поднесе барање за вонредно преиспитување на правосилната одлука за овој случај. -Во Врховниот суд на Република Северна Македонија доставен е предметот ‘Транспортер’. Во согласност со Законот за кривичната постапка, предметот веднаш ќе биде […]

Бесими: Сите институции во Владата работат да се најде одржливо системско решение за платите за цел јавен сектор


Законот за платите во јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа, треба да изнајде системско и конзистентно решение за целиот јавен сектор кое ќе биде одржливо за раст на платите и во јавниот сектор како што е и во реалниот сектор, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. -Во моментов […]

Возовите на пругата Скопје-Велес ќе возат со 20 километри на час


Патничкиот воз на реалација Скопје-Велес и Велес-Скопје отсега ќе доцни најмалку 40 минути затоа што машиновозачите добиле забрана да ја зголемат брзината на движење над 20 километри на час, дознава Плусинфо од извори во Македонски железници-Транспорт. Оттаму појасниле дека ваквото ограничување на брзината се случило откако раководството на Македонски железници-Инфраструктура склучило договор со Железници од […]

Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли


Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како […]

Тренчевска ќе ги пегла разликите со Струмичката епархија околу Законот за родовите права


  Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе закаже состанок со челниците на Струмичката епархија на МПЦ-ОА за да се испеглат разликите околу предлог Законот за родова еднавост. Оваа изјава на министерката доаѓа по неколкудневните препукувања на социјалните мрежи со Викарниот епископ Јаков по одржаната трибина на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија која […]

Арсовска: Почнува постапката за изградба на новиот Луна парк


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека почнува постапката за изградба на новиот Луна парк. – Од претходното раководство беше почнато со изработка на проект, ние како што кажавме, ништо од она што било отпочнато да се прави, нема да го прекинеме. Го прифативме самиот проект. Проектот беше во завршна реализација и беше […]

На последниот повик од Град Скопје, се пријавиле приватни превозници


Откако  пропаднаа два огласи за приватните превозници во Град Скопје, овојпат, има пријавени, потврди скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа не кажа колку приватни превозници се пријавени, но рече дека ќе почекаат до истекот на рокот за да видат колку вкупно апликации ќе има, доколку некој аплицирал по пошта. „Да, тие се пријавија. Ќе го причекаме […]

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне


  Денеска се потпиша договор меѓу Македонија и Европската инвестициона банка за 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица во Скопје. Со ова, за пречистителната станица во Скопје обезбедени се повеќе од 200 милиони евра, а таа стои неизградена затоа што Град Скопје, никако не може да избере изведувач и надзор на градежните […]