Млади иноватори од земјава на натпревар за мобилни апликации во Грац


 Над 300 учесници од Европа, Азија и Африка ги претставиле своите решенија за мобилни апликации на настан во Грац во рамките на проектот mPreneur, чиј лидер е здружението „Порака нова“ од Струга.

Младите претприемачи и иноватори на мобилни апликации со социјален импакт, како што соопшти „Порака нова“, имале можност да учествуваат на познатите WSA – World Summit Awards и European Young Innovators FesCval.

– WSA (World Summit Awards) е единствен систем на награди што избира и промовира дигитални иновации за подобрување на општеството. WSA е меѓународна платформа за врвни примери за тоа како новите технологии може да влијаат на општеството на позитивен начин. Оваа година нашиот проект беше воведен како нова категорија во наградниот систем на младите иноватори од Азија, Африка и Европа, информира здружението.

За национални победници биле избрани 16 учесници од Македонија, Австрија, Филипини, Сингапур, Кенија, Уганда и Танзанија, кои ги представиле своите решенија пред експерти на WSA.

За континентални победници биле избрани три мобилни апликации: од Африка – Dawa Mkononi App, од Азија – Sakahon App и од Европа – Nochba App.

Проектот mPreneur е поддржан од Европската унија преку Еразмус+ програмата во соработка со партнери од Азија, Африка и Европа.