Сашко Георгиев избран за нов претседател на Судскиот совет по нелегитимниот пуч


Седница на Судскиот совет

Иако смената на претседателката Весна Дамева според сите експерти е нелегитимна, денес за  нов претседател на Судскиот совет е избран Сашко Георгиев со осум гласа за и четири против. Поранешната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на седницата.

Изборот следува откако пред два дена седницата беше одложена, бидејќи членовите не можеа да ги соберат потребните осум гласа за избор на нов претседател. Осмиот глас денеска го дала судијката Тања Чачарова Илиевска.

Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.