Стихови на Петре Андреевски на фасадата на Собранието

Сосем веројатно по повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај, вечерва на локации во Скопје се појавија познати стихови што речиси сите ги знаат


 

Сосем веројатно по повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај, вечерва на локации во Скопје се појавија познати стихови што речиси сите ги знаат. 

На фасадата на зградата на Собранието се појавија стиховите „Кога ја љубев Дениција,/како да учествува во создавањето/на првата македонска држава“ од антологиската збирка песни „Дениција“ на Петре Андреевски, која остана во македонското културно наследство како една од најубавите книги посветени на љубовта. 

На еден од ѕидовите на скопското Кале, пак, ласерски се појавија двата стиха „Јас и ти сме браќа стари/Таква љубов чини пари“, од песната „Скопје“ на рок-групата „Леб и сол“.

Утре во Њујорк ќе биде отворена изложба по повод Денот на македонскиот јазик, на која ќе присуствува македонската делегација на чело со премиерот Димитар Ковачевски.