Сончево со мала до умерена облачност


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи.