Млади иноватори од земјава на натпревар за мобилни апликации во Грац


 Над 300 учесници од Европа, Азија и Африка ги претставиле своите решенија за мобилни апликации на настан во Грац во рамките на проектот mPreneur, чиј лидер е здружението „Порака нова“ од Струга. Младите претприемачи и иноватори на мобилни апликации со социјален импакт, како што соопшти „Порака нова“, имале можност да учествуваат на познатите WSA – […]

Млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе сликаат мурал со мировна порака


Дваесет и еден млади уметници од Франција, Германија и од Северна Македонија се дел од проектот на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово насловен „Оставете нè во мир!“, кој има за цел зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите од трите земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик […]

Две привремени автобуски линии поради Саемот на книга


Од денеска до 10 мај 2023 година во редовниот линиски превоз се вклучени две привремени линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува „Саем на книга 2023“. Тоа се линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Како што информира ЈСП „Скопје“, цените на автобуските билети се редовни, […]

Зелениот институт ќе спроведе проект за одржливо зеленило во Скопје


Зелениот институт  најави проект „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“ чија цел е  подобрување на состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, со што ќе се спречи појавата на топлински острови, ќе се намали загадувањето со стакленички гасови и ќе се подобри квалитетот на животот. Ќе се работи во текот на една […]

Нанев: Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство


Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во државата, вели во изјава за МИА, професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција. – Според таа загрижувачка анализа, дури 14 […]

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни


  Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6 јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната. Бранителот Александар Трајковски, кажа дека сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини е спречен да се јави на […]

Пазарче на органска храна во Јавна соба


Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги […]

Сто и дваесет години од загинувањето на Гоце Делчев


 Во земјава денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што […]

„Денови на филигранство и накит“ во Скопје Сити Мол


Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници. Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 4 мај  2023 година, 124-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 241 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 19 часот и 35 минути. Денов трае 14 часа и 8 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Повеќе скопски населби денеска без струја


 Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Коста Новаковиќ“ бр.20 и бр.22 и „Васко Карангелевски“ бр.13. Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сотир Томовски“, „Водоча“, „Гаврил Константиновиќ“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродром.  Без струја […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо […]

Дали живееме во Универзум или Мултиверзум?


Скопското астрономско друштво ве кани на предавањето во вторник на 09.05.2023 година во 19 часот во амфитеатарот на Електо факултетот (ФЕИТ). Предавањето ќе го одржи проф. д-р. Златко Василоски, кој е автор на книгата Мултиверзум за почетници, на која се базира предавањето со наслов „Дали живееме во Универзумот или Мултиверзумот“. Книгата ќе биде претставена на […]

Град Скопје потпиша Меморандум со Националниот совет за унапредување на родовата еднаквост


Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни заеднички активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи. Како што информираат оттаму меморандумот склучен помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателката на Националниот совет Савка Тодоровска, се однесува на промоција и унапредување на […]

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата


Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот […]

Шест кандидати во трка за нов ректор на УКИМ, изборната комисија ги прифати сите пријавени


Билјана Ангелова од Економскиот институт, Горан Ајдински од Филозофски факултет, Ратко Дуев од Филозофски факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ и Димитар Ташковски од ФЕИТ се кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и ќе учествуваат на изборите на 30 мај. Нивните кандидатури се прифатени од Универзитетската изборна […]

Спомен-собата на Киро Глигоров посетена од ученици, пензионери и граѓани


 Ученици од основните училишта, граѓани и пензионери денеска ја посетија Спомен-собата на првиот претседател на независна Република Mакедонија Киро Глигоров. Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ денеска имаше организирано отворен ден за посета на Спомен-собата по повод денот на раѓањето на Глигоров. Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип, вели дека граѓаните денеска имаа можност да се […]

Муцунски и „Комити“: ФК Вардар добива нов спортски терен во Аеродром


На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека утрово одржал средба со навивачката група „Комити“, која од неодамна е и […]

Едукативна тура во природа за најмладите во Вевчани


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, подружница Вевчани во соработка со националниот парк „Галичица“ организираше едукативна тура во природа со ученици од основното училиште „Страшо Пинџур“ и дечињата од градинката „ПЛанински цвет“ од Вевчани, со прошетка низ Споменикот на природата „Вевчански извори“. Учениците, како што соопшти „Еко-свест“ учеле бонтон во природа и […]

Продолжува штрајкот на ДИЦ, Министерството за финансии жали за нивните мали плати


Вработените во Државниот испитен центар одлучија да го продолжат штрајкот и му оставаат на Министерството за финансии рок до петок позитивно да одговори на нивните барања за зголемување на платите за да може да се одвиваат сите процеси кои зависат од нив, вклучително и задолжителната матура. „После петок, со било какви преговори ќе треба да […]