Општина Аеродром иницира 50 отсто пониски комуналии за градба на куќи, ќе изгласа ли Град Скопје?


Општина Аеродром иницира постапка за намалување на комуналиите за 50% за индивидуално домување во населбата Лисиче и Горно Лисиче.
 
 Општина Аеродром на последната седница на Советот, усвои предлог иницијатива за обраќање до Град Скопје со цел намалување за 50% на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за индивидуално домување (куќи) во населените места во Лисиче. Предлог иницијативата го опфаќа реонот околу населбата Лисиче и Горно Лисиче и улиците „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“.
 
Вака усвоената предлог иницијатива ќе биде доставена до Советот на град Скопје и Градоначалникот на град Скопје за понатамошно усвојување. Имајќи предвид дека истата значи сериозно финансиско олеснување за граѓаните, апелираме до Градот Скопје во најкраток временски период да ја разгледа и усвои истата, велат од Општина Аеродом.