Без струја делови од општините Илинден, Кисела Вода и Сопиште


Фото: Б. Грданоски

Без струја денеска од 08.20 до 15.30 часот ќе бидат  корисниците од селата Бујковци, Грушино, Мршевци и Бучинци во општина Илинден, а од 8 до 13 часот, корисниците од ул.„14 -Бригада“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, информира РЦУК Скопје.

Прекин на електричната енергија, од 9 до 15 часот, ќе има и за дел од корисниците на ул.„Дамаска“ во општина Карпош, од 9 до 14  часот за дел од корисниците на ул.„Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево, а од 10 до 14 часот за дел од корисниците од ул.4 (пред црквата Св.Никола) во Горно Соње во општина Сопиште.