МТСП: Од октомври ќе продолжи исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1.203 денари


Во однос на информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална […]

ДКСК ќе ѝ укаже на Грковска дека вицепремиерот Груби ги користел службените простории за партиски цели


Поради докази дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за  партиски цели, Државната комисија за спречување на корупција најви дека ќе упати укажување до Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска. Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката […]

„Италијанскиот јазик – еден јазик, многу можности“- Национална конференција на УКИМ


Во понеделник, 8 мај, на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи Национална конференција за италијанскиот јазик во Северна Македонија, под наслов „Италијанскиот јазик – еден јазик, многу можности“. Конференцијата има за цел да направи пресек на состојбите во наставата по италијански јазик во Република Северна  Македонија, пет години по […]

Од 8 до 20 мај пругата од Велес до Гевгелија ќе биде затворена


Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија. Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно […]

„Оставете нѐ во мир“ – мурал на млади уметници од Франција, Германија и Македонија во Градскиот парк


Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе биде претставен денеска во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за проектот „Оставете нè во мир!“ на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово во кој се вклучени дваесет и еден млади уметници од […]

Ден на македонскиот јазик – 5 Мај, дебати за негова заштита и афирмација и културни настани


По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, надлежните институциии денеска организираат дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво. Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското  писмо во секојдневната […]

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје


Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне,  денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Главни теми на средбата, […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена. Во Скопје сончево […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 5 мај 2023 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 36 минути. Денов трае 14 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Стихови на Петре Андреевски на фасадата на Собранието


  Сосем веројатно по повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај, вечерва на локации во Скопје се појавија познати стихови што речиси сите ги знаат.  На фасадата на зградата на Собранието се појавија стиховите „Кога ја љубев Дениција,/како да учествува во создавањето/на првата македонска држава“ од антологиската збирка песни „Дениција“ на Петре Андреевски, која остана […]

Сашко Георгиев избран за нов претседател на Судскиот совет по нелегитимниот пуч


Иако смената на претседателката Весна Дамева според сите експерти е нелегитимна, денес за  нов претседател на Судскиот совет е избран Сашко Георгиев со осум гласа за и четири против. Поранешната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на седницата. Изборот следува откако пред два дена седницата беше одложена, бидејќи членовите не можеа да ги соберат потребните осум […]

За викендот сончево и топло


За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Утре и во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи, соопшти УХМР. 

Судскиот совет закажа итна седница за попладнево


Судскиот совет за попладнево со почеток во 16.30 часот закажа итна седница. Седницата на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева, закажана за завчера беше одложена, но не беше соопштена причината. -Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 […]

Убиствата во Србија го запалија алармот во МОН – ќе се ревидира воспитната компонента во образованието


Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности веднаш започнува со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата. Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот […]

Панел-дискусија по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, утре (5 мај) во Националната опера и балет во 12 часот, во организација на Министерството за култура, ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и: заменик-претседателот на Владата за […]

Угина жирафата Каспер од скопската зоолошка


Зоолошката градина Скопје информира дека утрово угина жирафате Каспер. – Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, ќе Ве информираме за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители – велат од ЗОО Скопје. Каспер беше во Зоолошката градина […]

Земјотрес почувствуван во Штип и околината


Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран денеска, 75 километри југоисточно од Скопје и е почувствуван од населението во Штип и околината. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, се случил во 13 часот и 08 минути, а потекнува од епицентрално […]

Доделена државната награда „Гоце Делчев“


  Професор д-р Нано Ружин, проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин и д-р Александар Василевски денеска ја примија државната награда „Гоце Делчев“ за делата „Балкански иконографии“, „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“ и „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија – идејна основа, ликовни извори и […]

Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк


Прилепскиот завод и музеј почнува обемен проект за оддавање почит на прилепчанецот Али Фети Окјар, кој станал истакнат државник на Република Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Кемал Атататурк. Ова беше нагласено на денешната прес-конференција во Музејот, каде го најавија почетокот на проектот в понеделник со истакнати гости и блиски на големиот […]

Анализа: Со институциите за управување со кризи да управуваат професионалци, а не партиски номинирани кадри


Институциите кои управуваат со кризи да се спојат во едно тело, зашто сега не се знае кој за што е одговорен, со нив да раководат професионалци, а не партиски или политички номинирани кадри и да се обезбеди потребниот технички и професионален кадар, порачуваат експертите. Како што беше речено на денешниот панел „Превенција на кризи и […]