Не престојувајте на отворено и под дрвја, нѐ чека невреме


Фото: Б. Грданоски
Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност од денес попладне и во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.
 
И во Скопската Котлина повремено ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. За време на викендот ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.
 
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.