Во Битола јавна дебата за „Интернет – кој го користи, јас него или тој мене!?“


Граѓански организации и неформални групи млади, синоќа во Битола дебатираа на тема „Интернет – кој го користи, јас него или тој мене!?“ за што битолската „Пролокал“ обезбеди релевантни соговорници.

Не сакаме во Пелагонија менталното здравје да биде табу тема и затоа јавно говориме за важноста на хигиената на менталното здравје, посочи Емилиа Героска, менаџер на „Пролокал“-Битола.

 

-Младите велат дека не се чувствуваат слободни да зборуваат со училишните психолози во средното образование, велат дека непостојат системи за поддршка во подоцнежна возраст…а кога разговараме со претставници на институциите добиваме одговор дека постои систем, но младите не се охрабруваат да пристапат. Затоа ние со оваа тема се обидуваме да ги доближиме младите до институциите, истакна Героска.

На јавната дебата што синоќа се одржа во Битола панелистите Станислав Петковски, специјалист по клиничка психологија, Миа Костова, инфлуенсерка и Софија Арнаудова професорка на Филозофскиот факултет, нагласија дека зависноста од интернет е всушност недостиг од друг избор, а тоа е ментална анестезија или бегство од реалноста.

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.