ДЗР: Не се знае кога и колку треба да вратат невработените кои земале паричен надоместок по вработување


За вкупно 26.158 корисници се исплаќаат 1.524.106 илјади денари или (24.782.211 евра) како паричен надоместок или материјално обезбеднување, но Државниот завод за ревизија утврдил бројни неправилности во нивното исплаќање, но и во враќањето на тие надоместоци откако граѓаните ќе го изгубат правото на нив. „Со извршената ревизија утврдивме дека правната рамка обезбедува услови за остварување […]

Протестираат болните од цистична фиброза, министерот за финансии ги викна на разговор


Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза штотуку беа повикани на состанок со министерот за финансии. Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна. „Сакаме лек, не комодитет“ и „Нема да […]

СДСМ поднесе законски измени, ќе нема веќе камати десетици пати поголеми од долговите


  СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои се ограничува каматата за да не може да биде поголема од долгот.Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена […]

Посебен режим на сообраќај за денеска и утре во Скопје – 120 години од смртта на Гоце Делчев


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. […]

Тренчевска: СИДА се нашите долготрајни партнери во делот на унапредување на родовата еднаквост


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на студиската посета во Стокхолм, Шведска денеска се сретна со претставниците на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – (SIDA). Кои се главни поддржувачи на проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата перспектива- (GEF)“. На средбата […]

Лога: Демократијата зависи од слободата на говор и независноста на медиумите


Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе 3 Мај- Светскиот  ден на слобода на медиуми на сите новинари, сниматели, фоторепортери , медиуми и медиумски работници. ,,Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од секакви притисоци. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција […]

Тестовите сè уште не се испечатени: Ќе се полага ли државна матура?


Над 15.000 матуранти се во неизвесност и под притисок за тоа дали ќе се полага државната матура, откако 29 вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) пред една недела почнаа штрајк. Тие велат дека се стопирани сите процеси што се во надлежност на Центарот, меѓу кои е организацијата на државната матура. Лука Павичевиќ од Сојузот на […]

УПОЗ: Контиунирано и сериозно се кршат правата од работен однос во УЈП


Синдикатот на УПОЗ, како потписник на Колективниот договор во Управата за јавни приходи, денеска преку соопштение реагира на, како што велат, континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос во оваа институција. Според УПОЗ, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се […]

Повик за средношколци за учество на летен воен камп за млади во Црна Гора


Пет средношколци од земјава имаат можност да учествуваат на летен воен камп за млади од 26 јуни до 10 јули 2023 во Црна Гора. Министерствата за образование и наука и за одбрана го објавија повикот за кампот на кој ќе учествуваат и  средношколци од  Црна Гора. Како што објави МОН, целта на проектот е средношколците […]

Со помош на ЕУ до побезбеден авантуристички туризам во Охридскиот регион


Истражувањето на природата е суштински дел од човековата природа. Се чини дека пандемијата na Ковид-19 само го засили таквиот порив, сè повеќе луѓе одат на планинарење или практикуваат планински велосипедизам. Но, истражувањето на природата го покренува и прашањето на безбедноста – особено кога станува збор за адреналинските спортови. Европската унија помага во создавањето безбедни услови […]

Пендаровски ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс


Претседателот Стево Пендаровски како претставник на Македонија ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс на 6 мај. Шефот на државата ја прифатил поканата која пристигнала од Бакнгемската палата, потврди неговиот кабинет. Тој придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, на 19 септември лани во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на […]

Без вода улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска од  9.40 часот, без вода ќе бидат  улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“ во Чаир.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на П.П. Хидрант од ф 80 мм на улица „Челопек“, бр. 4. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот. 

Македонија се искачи на 38. место по слободата на медиумите на Репортери без граници


  Голем скок од 19 места направи Македонија за една година на Глобалниот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници. Во денеска објавениот Индекс Македонија е на 38. место од вкупно 180 земји во светот. Македонија е најдобро позиционирана во Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), а Босна и […]

Извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите во светот, каде е Македонија?


Во најновиот извештај на Репортери без граници за светскиот индекс на слободата на медиумите, Србија е единствената земја од Западен Балкан чија позиција се влошила во 2023 година – рангирана е на 91 место од 180 земји. Во извештајот се наведува дека провладините медиуми во Србија шират руска пропаганда – најголем пад   во регионот […]

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии


Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот. Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 3 мај 2023 година, 123-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 242 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 28 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 14 часа и 6 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Туфегџиќ: Не е предвидено разрешување на претседател на Советот


Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет.  -Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а факичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи […]

(Галерија) Многу забава на Средноленд на плоштадот „Македонија“


Денес почна новата средношколска манифестација – Средноленд, која за првпат се одржува оваа година, со цел поттикнување на средношколците да ги претстават своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.   На Плоштадот „Македонија, во КИЦ, МКЦ и кај Школка во Градскиот парк, учениците ги покажаа своите таленти. Добра забава за […]