(Видео) Обраќање на Пендаровски и Пирц Мусар


Фото: Б. Грданоски

Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава и се сретна со претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот.

Пирц Мусар беше пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што следуваше тет-а-тет средба на претседателите.

Проследете ја заедничката прес-конференција во живо:

 

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.