Почина борецот за работнички права и претседател на ССМ, Дарко Димовски


По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). – Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото […]

Малиот детски воз „Мечо“ повторно низ градскиот парк во Битола


Општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, по 25-годишен прекин, повторно го ставија во функција електричниот воз „Мечо“, атрактивна содржина за деца кои престојуваат во битолскиот градски парк. Во активностите за враќање на традицијата како општествено одговорна компанија се вклучи и IWCONNECT, соопштија од Општина Битола. -Возот „Мечо“, повторно стартува во Битола и тоа е […]

Нема акушерки, ги заменуваат медицински сестри


Велат дека здравјето е најважно во животот, а недостигот од здравствени работници во државава го зголемува стравот за сопственото здравје кај населението. Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки. Соговорниците на МИА потврдуваат дека од година во година бројката на акушерки се намалува, а се заменуваат со медицински сестри. Во 2004 година […]

Земјено прскање против комарци во Скопје


 Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор


Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ. Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот […]

Чадорите и натаму задолжителни: Еве какво време не очекува денес


Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на […]

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, се споделувле преку Вибер


Реакцијата на Државниот испитен центар следува откако повеќе медиуми објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува […]

Пред летната сезона, влезот во Охрид ќе биде затворен 45 дена


Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Со вакво соопштение излезе денеска АМСМ, а дел од медиумите јавуваат дека влезот во Охрид […]

Битолчани ги покриваат фактите за бугарските донации со самолепливи ленти


  БИТОЛА – „Културен“ вандализам направиле непознати сторители во Градскиот парк во Битола кога со самолеплива лента го покриле бугарското знаме на информативната табла поставена до новиот болдер – ѕид за качување со трибина. Оставено е да се гледаат само македонското и знамето на Европската унија. Голем ќеф направија битолчани, од млад до старо, на […]

Во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – има пукнатина


Во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица. Причината за прекинот, како што информираа од делчевската полиција, е пукнатина на месноста Црквенска Река поради што возилата кои патуваат кон Македонска Каменица се пренасочуваат кон селата Полето и Киселица.  -За тешки товарни возила сообраќајот на овој патен правец, кој е дел од […]

ЦУК: Се очекуваат интензивни врнежи, можно е зголемување на водостојот на малите реки


Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесуваат хидролошката информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  „Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд на повеќе места, грмежи и засилен ветер. […]

Од утре онлајн-аплицирање за упис во средните училишта


За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука  и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање. -Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава […]

ЈОРСМ: Нема основано сомневање за сторени кривични дела од ексдиректорот и вработени во Управата за финансиска полиција


Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешен директор на Управата за финансиска полиција (УФП) и вработени службеници во Управата, јавниот обвинител врз основа на прибраните вербални и материјални докази утврди дека во однос на двете кривични пријави не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по […]

Од недела до четврток ќе се прска за комарци во Скопје – приберете ги пчелите!


Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година (од недела до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот […]

Ѓорѓиевски најави финансиска помош за Делчево


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ги повика неговите колеги градоначалници да испратат помош за Делчево. Вознемирувачки и апокалиптични сцени пристигнуваат од Делчево од невремето со пороен дожд кое за жал, ги поплави речиси сите куќи во понискиот дел на градот и предизвика огромна штета. -Како претседател на ЗЕЛС, ги […]

Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште


 Општина Зрновци наскоро ќе почне со реализација на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води во селото Видивиште, чија вредност е проценета на над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на […]

Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево


 Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град. На седницата беше донесена одлука за формирање Комисија за проценка на штетите, како и заклучок за објавување јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.  При процена и утврдување на висината на штетата, како што […]

„Паркови и зеленило“ ги отстранува сувите дрвја во Градски парк


Деновиве екипите од Секторот дрвореди вршат акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк. Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите […]

Општина Ѓорче Петров ќе му помогне на Делчево со 300.000 денари


Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека Општина Ѓорче Петров ќе ѝ помогне на Општина Делчево со 300.000 денари за санирање на последиците од синоќешното невреме. Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. -Солидарност со нашиот народ. Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот […]

Средношколците можат бесплатно да се возат за летниот распуст со ЈСП


Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со […]