Ќе почне да се гради на просторот на фабриката „Треска“


Наскоро почнува урбанизација на локацијата на фабриката „Треска“, најавуваат локалните власти, иако повеќе години неколку администрации се бореа против планот од 2012 година, таму да се изградат згради таканаречени „наполитанки“. 

Сепак, и по мораториумот од претходниот градоначалник Саша Богдановиќ, по застојот во издавањето градежни дозволи, сега платени се комуналии за неколку градби, а „Голден арт“ и „Мега акустик“, планираат да почнат со градба.

Овој огромен простор во центарот на Скопје долго време стоеше неурбанизиран, а беше и опасност за околината и жителите поради многуте отровни материјали, складирани во дел од објектите на пораншена фабрика  „Треска“, како и азбестните покриви.

Сега, се најавуваат објекти со ниска градба приземје и четири ката, а околу станбените блокови ќе имаа зеленило, парк, пешачки патеки и безбеден простор за децата.

– Оваа локација повеќе нема да биде потенцијална опасност за жителите од околните згради. Од самото затворање на фабриката, оваа локација беше потенцијална опасност не само за граѓаните кои живееја до фабриката туку и за сите жители на Скопје. На напуштениот простор многу често избувнуваа пожари, отпадот кој беше во кругот од фабриката нерасчистен стоеше со години, напуштените погони имаа азбесни покриви, сето тоа потенцијално го загрозуваше здравјето на луѓето – најавуваат локалните власти.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски бараа од инвеститорите во комплексот „Треска“ да се изградат објекти од јавен интерес, како и комплексот да има многу зеленило. Во склоп на комплексот ќе има детска градинка, парк како и над 20% зеленило по градежна парцела.

Но, сепак, покрај неколкуте нови градежни планови избранотени по нарачка на општината за хунамно урбанизирање на просторот, важечи ДУП за овој дел од Скопје  е оној од 2012 година, кој ги предвидува „наполитанка“-зградите, а што ќе никне по другите парцели, уште не е обелоденето.