Акција за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. – Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење […]

Најмногу дожд во Крива Паланка, Струмица и Дојран


Најмногу дожд, 40 литри на метар квадратен, во изминатите 24 часа, наврна во Крива Паланка,  по што следуваат Струмица со 29, Дојран 25, Ѓуриште, 23, Пожаране, 20, Крушево, 18, Маврови Анови, 16, Виница, 12, … , покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на […]

Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево


Граѓаните на Општина Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето што ја зафати Општина Делчево од денеска можат да поднесуваат пријави до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од поплава и град. Образецот на пријавата за штета,како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да […]

Реновирано детско игралиште во Капиштец


Општина Центар неодамна почна со реконструкција на повеќе детски игралишта. Деновиве заврши и реконструкцијата на детското игралиште во населбата Капиштец. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека за детската смеа да биде уште погласна, а детската игра поинтересна на игралиштето во Капиштец општината ги реконстуирала детските лизгалки, клацкалки, лулашки и ги поправила другите оштетени […]

Без вода дел од булеварот „Македонска Косовска Бригада“


 Поради изведување на водоводен приклучок на бул. „Словенија“ бб, во близина на ресторан „Аванти“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „Македонска Косовска Бригада“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со завршување со работните активности.

До крај се бореше за правата на оние кои ги немаа: Комеморација за претседателот на ССМ Дарко Димовски


Во Сојузот на синдикати на Македонија утрово се одржа комеморација за претседателот на ССМ Дарко Димовски, кој вчера по кусо боледување почина на 45-годишна возраст. -Соборци и пријатели, Вие што добро го знаевте Дарко и вие што го гледавте во првите редови на протестите. Се собравме да го испратиме нашиот другар и брат на последниот […]

Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува викендов


 Авантуристичкиот клуб „Маунтин маднес“ (Mountain madness) по четврти пат организира викенд исполнет со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, соопштија организаторите.  – Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни, со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се […]

Си исфрлиле стари гуми во Карпош – „Комунална хигиена“ не е надлежна за нивно отстранување


 Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми, од страна на непознати сторители, на улицата „Никола Парапунов“ во скопската општина Карпош, информираат утрово од претпријатието. – Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП „Комунална […]

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија


Собраниската Законодавно правната комисија денеска треба да го  разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако на 8 јуни тој доби поддршка од матичната Комисија за култура. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата […]

Премиерот Ковачевски во посета на Богданци и Демир Капија


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска ќе ја посети Општина Богданци.  Како што информираат од владината Прес-служба, предвидено Ковачевски и Шукова да извршат увид на почеток на проект за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци. По престојот во Бограднци, премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт […]

Без струја делови од населбите Водно, Пинтија и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од жителите на скопските населби Водно, Пинтија и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тасино Чешмиче“, „Ѓорѓи Скрижевски“ […]

Претпладне облачно, попладне нестабилно со дожд, ветер и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град. Максималната […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 јуни 2023 година, 163-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 202 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Јовев го потпишал решението за негово разрешување од директор на Кардиохирургија


Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено. Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што […]

Анкета: Близу две третини од граѓаните со позитивен став за „Отворен Балкан“


Вкупно 63,3 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“, во која покрај Северна Македонија, членуваат и Србија и Албанија. Истражувањето, спроведено за потребите на емисијата „Детектор“, покажува дека негативен став кон „Отворен Балкан“ имаат само 15,9 проценти од анкетираните граѓани.   Споредбената анализа со […]

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува


Тоа што се случи вчера претставува пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил, изјави претседателот на Сојузот на средношколци во заминување Лука Павиќевиќ. – Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле […]

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци


   Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот. Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, одговорна за администрација при Извршниот одбор на […]

Протест на велосипедистите во Прилеп, бараат безбедност на патиштата и улиците


Под мотото „Утре можеш да бидеш ти“, десетици членови на велосипедските здруженија „Прилеп на точак“ и „Вело Че“ излегоа на мирен протест во центарот на Прилеп за да го изразат својот револт и загриженоста што се чувствуваат небезбедни на улиците и патиштата. Повод за нивниот протест е трагичната сообраќајна несреќа пред два дена кога млада […]

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево


Пуштен е сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четвртокот го зафати Делчево. До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила, како што информираа од подружницата на „Макадонија Пат“, сообраќајот за […]