На Градот Скопје очајно му требаат 50 пожарникари


Фото: Б. Грданоски - архива

Ние немаме ресурси и не набавуваме ресурси, а факт е дека се потребни ресурси, рече денеска Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, прашан за состојбите во противпожарните служби.

Ангелов, излезот го гледа во фондовите на Европската унија. Затоа, очекува што поскоро приближување кон ЕУ, оти фондовите ќе помогнат во сите области.

На противпожарните служби им се потребни им се огромни суми, според нивните побарувања.

– На Градот Скопје очајно му се потребни 50 пожарникари,. Скопската противпожарна бригада е извонредна. Имаме извонредна соработка.Помага секаде кадешто е потребно. Нивниот број е многу мал. Во Скопје има околу 185 пожарникари, но тие работат во четири смени. Некои од нив се болни, некои се возрасни, неколку пожарникари имаат над 60 години и не може да доаѓаат на работа – рече Ангелов.

Иако имаат побарувања за повеќе вработувања тоа не се случува, а Ангелов упати апел до Министерството за финансии да ја забрза процедурата за давање согласност за вработување пожарникари во противпожарната бригада во Скопје.

Смета дека мора да се вработат повеќе пожарникари, затоа што во еден момент се случуваат пожари на повеќе места, а Градот не смее да се остави без пожарникари.