Аеродром и Муцунски заработија казна од 88.000 евра – фрлале отпад кај ФФМ


Од прес-конференцијата во 2021 година кога се најавуваше нов парк на локацијата кај ФФМ

 

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. 

Имено, општина Аеродром преку компанијата „Пирамид билдинг“ ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.„АСНОМ“ со што направиле нова дива депонија. Овој случај нема врска случајот кога траеше протестот на вработени во „Комунална хигиена“.

Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.