Исмет Гури доби притвор од 30 дена


 

Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителство и Исмет Гури од ДУИ и уште двајца осомничени за даночни измами добија притвор од 30 дена.

Истата мерка е определна за уште еден осомничен по кого се трага. За него притворот ќе стапи на сила од денот на пронаоѓање.

Притворот е определен бидејќи Кривичен смета дека се оправдани основите по кои обвинителството бараше притвор, а тоа се опасност од бегство, како и опасност од криење, фалсификување или уништување траги и опасност од влијание врз сведоци со што би можела да се попречи истрагата.

За останатите осомничени, пак, обвинителството бараше поблаги мерки за обезбедување присуство.

Истрагата поврзана со даночни измами утрово ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и во неа се осомничени вкупно 15 лица, меѓу кои партиски членови на ДУИ, бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.

Гури, кој е заменик-управник во УЈП, е третоосомничен, а со истрагата е опфатен и неговиот син.