Мојсовски најави два нови базена во Скопје


Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базена во Скопје. – Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам […]

Меџити се дообјаснува: Парите на македонските осигуреници нема да одат на лечење на странците


Министерството за здравство денеска појаснува дека изедначувањето на цените за лекување на странски државјани во земјава се однесува само на оние цени кои ги плаќаат здравствено неосигурените лица во земјава. -Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис […]

Водата во Делчево може да се пие, дефектот е саниран


Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани. Градоначалникот Горан Трајковски кажа дека граѓаните можат да ја користат водата за пиење. Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, унишени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментов советниците имаат вонредна седница во општината […]

Дали сакате да волонтирате во Зоолошката градина во Скопје?


Волонтерскиот Центар Скопје нуди можност на заинтересираните лица да волонтираат во Зоолошката градина во Скопје. – Да минувате по неколку часа за време на викендите во едно од омилените места на Скопјани и на нивните гости? Вашата задача ќе биде да ги едуцирате посетителите и со тоа да помогнете во создавање топла и пријатна атмосфера, […]

Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и е безбедна за капење


Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од Центарот за јавно здравје Велес, од почетокот на овој месец, покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, прецизирајќи дека примероците за испитување на водата биле земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата […]

Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово


Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од […]

Продолжува санирањето на последиците од невремето во Делчево


Во Делчево синоќа и утрово продолжи испумпувањето вода од подрумите на луѓето, како резултат на поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати градот.  Доцна синоќа помош на луѓето им пружаа пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и М.Каменица кои се одзваа на повикот на градоначалникот на Делчево и колегите од ТППЕ Делчево и помогнаа во […]

Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит


Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни. Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 […]

Традиционална српска вечер во Скопје


Љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во избор на јадења од српската национална кујна на традиционалната српска вечер што ќе се одржи во Скопје во хотел Лимак. Дел од специјално подготвеното мени се предјадењата како гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење […]

Без вода дел од Карпош и реоните околу салата „Борис Трајковски“ и резиденцијата на г.г. Стефан


Без снабдување со вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од скопската населба Карпош, салата „Борис Трајковски“, базенот „Карпош“, хотелот „Александар Палас“, како и реонот околу резиденција на г.г. Стефан. Како што информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје поради уличен дефект од ф-100 милиметри на улица „Нобелова“ број 3 во населба Карпош, […]

Околните општини на помош во Делчево, водата не е за пиење, а нема и струја


Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода, е на пат и чекаме, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на коишто им се поплавени домовите, може да се јавуваат на бројот 193 во Пожарната, изјави делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, по силното невреме што ги зафати […]

Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“, нема чувари, ќе помагаат полицајци и војници


  Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.   Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната установа. Одлука е донесена на владината седница одржана во вторникот и веќе е во сила по нејзиното објавување во Службениот весник. Со […]

(Видео) Дождовите го однесоа асфалтот од улиците на Делчево


    Попладнево Делчево беше зафатено со страшно невреме со силен дожд и град. Од пороите се однесени некои улици во градот, асфалтот е речиси сосема изместен, како да е од хартија . „На улиците се многу жители од Делчево, сами нудат помош и сакаат да помогнат, да се среди хаосот по невремето. Кога ни […]

МЗ: Инициравме усогласување на цените за приватните здравствени услуги за странците со нашите граѓани


Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани, велат од Министерството за здравство. – За овие промени не требаше никакви промени во Законот и дел од клиниките и […]

(Видео) ЦУК: Големо невреме во Делчево – врнежи од дожд и град, поплавени 60 објекти


Големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево. Според информациите од ЦУК, во невремето има поплавени објекти. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.   „Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 […]

Признанија за 29 матуранти првенци од училиштата на Град Скопје


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска им додели признанија и парични награди на 29 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.  Се работи за матуранти со најдобар успех од генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на […]

Пенов: Циркуларната економија не е само тренд, туку реална потреба за да се зголеми отпорноста на еко системот


Управувањето со отпадот се уште е голем предизвик кај нас, уште повеќе што во област, спроведувањето на европските директиви бара ангажирање на големи финансиски ресурси, но и знаење. Затоа е важно да се аплицираат нови решенија, кои што исовремено ќе направат промени во повеќе сфери, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во рамки на […]

Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија


Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција. -Тоа е многу добар капитален проект и треба да се […]

Промовирани 23 доктори на науки на УКИМ


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, техничко-технолошките науки и хуманистичките науки. -Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот […]

Сопственикот на хациендата на Стрежевско Езеро уште лани барал приклучок за вода, ама не добил 


  БИТОЛА – Бурни реакции и обвинувања во јавноста и на политичката сцена во Битола по обелоденувањето на сторијата во „Независен“ за хациендата што никнува покрај Стрежевското Езеро во заштитена зона од каде цела Битола пие вода и се наводнува Пелагониско Поле. Ама, за жал, не била само хациендата, туку околу неа на истата локација, […]