Сува трева горела во три кумановски и едно село во Старо Нагоричане


Фото: Б. Грданоски

Сува трева горела во четири различни села од поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарникарите од Куманово гаселе сува трева првин во Табановце во претпладневните часови, во попладневните во село Лопате и во ноќните часови на „Никуљски пат“. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева во атар на село Алгуња. Во сите поединечни интервенции биле вклучени по една противпожарна единица со едно возило.

Вчера и кумановската полиција и подрачната единица на ЈП „Национални шуми“, почнаа со засилени превентивни активности и делење летоци на граѓаните за зголемување на свеста од опасноста од предизвикување пожари. Од институциите апелираат граѓаните да бидат внимателни особено во претстојниот период и да не палат огин на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не фрлаат догорчиња и отпушоци.