Казни до 2.000 евра за лица кои се движат низ шуми и покрај забраната


Фото: Б. Грданоски

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата кои нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство.

Од вчера на сила стапи делумна забрана за движење во шума во период од 6 до 20 часот, поради заштита од пожари.

Забраната, која што не го опфаќа Водно, ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.