По две години мандат Арсовска се пофали: Направен првиот од петте мега-паркови во Скопје


На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров.
 
Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.
 
Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.
 
Посветено работиме на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долготочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за жителите на Скопје, велат од Град Скопје.