Грковска: Степенот на независност на судскиот ситем зависи од индивидуалните карактеристики


Политичари стануваа дел од правосудниот систем, но само личниот интегритет стои помеѓу влијанието и професионлното завршување на работата на вработените во правосудниот систем. – Во минатото имаше прилично голема политичка инвазија на политичари кои потоа станаа дел од правосудниот систем. Се разбира дека има влијание и денеска на тоа што се случува во правосудниот систем. […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и директорот на Македонски телеком


  Главната опоцизициска партија денеса го посочи прстот кон Никола Љушев, главниот извршен директор на Македонски телеком, обвинувајќи го дека неговата сопруга направила кариера во истата компанија. Објавувајќи наводна „афера“ на директорот на телекомуникациската компанија каде мнозинството од акциите од 51 ги има Дојче телеком (и го носи заштитниот бренд) ВМРО-ДПМНЕ како да сака малку […]

Левица со иницијатива до Уставен суд за Одлуката за именување на улици во Скопје


Правниот тим на Левица поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје на 30 март 2021 година. -Оваа одлука донесена во времето на Петре Шилегов, освен што претставува популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од страна на албанското […]

Во Кривичен продолжи судењето за „Траекторија”


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид познатата како „Траекторија“. Предметот се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски […]

Промоција и брендирање на македонската органска храна и вино во паркот во Ѓорче Петров


Во организација на здружение на граѓани Еко Партнерс на 23 септември (сабота) во 18 часот во паркот во Ѓорче Петров четврта година по ред ќе се организира настан ,,Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики,, спонзориран од Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство,23 септември дополнително e ,,Ден на органското производство на […]

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Македонија како регионален центар на зелена енергија


Премиерот  Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Њујорк се сретна со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и копретседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy). На состанокот беше потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како што е УНДП, која им […]

„Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“ – кампања на ЈП „Лајка“ за посвојување на бездомни кучиња


Јавното претпријатие „Лајка“, објавува кампања на својата најнова општествено-одговорна иницијатива во соработка со креативната агенција Њу Момент, со цел промоција на посвојувањето на кучињата скитници. Кампањата симболично започнува утре, на 23-ти септември, Интернационалниот ден на вдомените кучиња. Кампањата под мотото „Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“, која Њу Момент ја изработи и […]

„Џонсон Мети“ и Македонија2025 почнаа нов образовен проект Science & Me – ќе се обучат 25 наставници по природни науки


Поткрепувајќи ја заложбата за унапредување на научното образование, Џонсон Мети Скопје со задоволство објавува грант за својот заеднички проект Science & Me, во партнерство со Македонија2025, невладината организација која го поддржува економскиот и лидерскиот развој во земјата. Како организација за имплементација, Македонија2025 ќе ја предводи глобалната STEM програма (наука, технологија, инженерство и математика) на Џонсон […]

Платформата „Наука за деца“ ќе додели награда „Иван Ќостаров“


Во пресрет на Втората научна конференција за деца, која ќе се одржи на 7 октомври, платформата „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ во вредност од 30.000 денари. -Се повикуваат сите ученици и ученички од шесто до деветто одделение во основните училишта низ државата, кои имаат научен потенцијал, да се […]

Беќаровски: „Да бев премиер ќе ги разделев вратените пиперки на сиромашните“ – ете, толку се опасни!


Доктор Нико Беќаровски, еден од најпознатите токсиколози во земјава, се јави по објавата дека македонските пиперки наменети за увоз во Хрватска се токсични. Тој на својот Фејсбук профил напиша подолга објава за тоа колку пиперките се токсични и што треба да се направи откако ќе бидат вратени во државава. Во објавата насловена како вратените “отровни” […]

Форест Фест денеска и утре во Берово


Берово денеска и утре ќе биде домаќин на манифестацијата „Форест Фест 2023“, што  ја организира Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со цел да се афирмира и популаризира приватното шумарство во Северна Македонија, и е поддржана од регионалниот координатор за источен регион од Колаицијата за клима на граѓански организации.    Настанот, како што информираат […]

Ревија на етнолошки документарен филм во Музејот на Северна Македонија


Во Музејот на Северна Македонија денеска со ревијата на етнолошки документарен филм ќе биде означен почетокот на Европските денови на културното наследство 2023. Ќе бидат прикажани филмовите: „Семејството Адемови“ на авторката Елизабета Конеска, „Голубарот“ од авторката Надица Петковиќ, „Самовилска вода“ на авторот Владимир Боцев и „Гатачката“ на Валентина Илиевска.  Филмовите се во продукција на Музејот […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови од земјата повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје сончево и топло време […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 22 септември 2023 година, 265-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 100 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минута. Денов трае 12 часа и 11 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Дрекслер: Одлуката Скопје да биде европски град на културата е огромна шанса и треба да се искористи


Одлуката Скопје да биде европски град на културата во 2028 година доаѓа во вистински момент и претставува огромна шанса за македонската култура да се приближи на многу повеќе луѓе кои живеат надвор од Северна Македонија, оцени германската амбасадорка Петра Дрекслер за МИА. Дрекслер на денешниот настан насловен СловоКулт : Берлин кој има за цел да […]

Грковска: Ќе има широка јавна расправа за Законот за конфискација на имот


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска изјави дека работната верзија на текстот на предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која изминатиов месец ја подготвуваше работната група, ќе биде доставена до Европската Унија и до Венецијанската комисија. По добиените мислења, предлог законското решение ќе биде разгледувано на јавна расправа […]

Потполковник Томица Ристоски е нов командант во тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“


Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост и предавање на военото знаме се изврши примопредавање на должноста командант на 3. пешадиски баталјон (3. пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1. пбр) од Командата за операции. Должноста командант на 3. пб од потполковник Игор Станковски ја прими потполковник Томица Ристоски, кој досега извршуваше […]

Меџити за борбата со Ковид-19 на 78. Генерално собрание на ОН


Пандемијата со Ковид-19 го истакна значењето на здравите и силни здравствени системи, беспрекорната координација и ефективни механизми за одговор. Северна Македонија не беше изземена од нејзините разорни влијанија. Нашата здравствена инфраструктура е под тежок притисок, а ранливите заедници понесоа непропорционален товар. Нашиот одговор мора да биде брз, со еднаков пристап кон сите и напреден. Еднаквиот […]

При крај санацијата на тротоарите на мостот „Обединети нации“, Шилегов ќе правеше нов


Без најава од Град Скопје, кој надлежен за санација на мостови, работите, односно асфалтирањето на тротоарите во двата правци се случува последниот месец, а денеска се гледа крајот. Информации за ова има само од ЈП „Улици и патишта“, од каде пред 20 дена соопштија дека поради санација тротоарот на мостот „Обединети нации“ во насока од […]

АХВ: Ако пратката со пиперките биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека вчера, преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска. При спроведената гранична контрола, земениот примерок за лабораториска анализа […]