Рецензија: „Светот Јура: паднато кралство“
Игор Поп Трајков Најновото остварување на франшизата „Паркот Јура“ е навистина изненадување бидејќи ни најмалку не станува збор за рутинирана продукција чија цел е само да ги обие благајните благодарејќи ѝ на славата на оригиналното, првото остварување. Ангажиран е режисер од Шпанија. Во некои други мои написи имам потенцирано дека во Шпанија се разви цел …