Прв театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“


Прилеп ќе биде домаќин на првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“, што ќе почне во петок и ќе трае до недела. Во рамки на фестивалските денови, најмладата публика ќе има можност да проследи четири детски претстави од Велес, Скопје и Битола, додека фестивалот е на иницијатива на здружението „Мал прилепски театар“ и поддржан од […]

Културњаците ги добија априлските плати


По неколку недели доцнење на платите за вработените во националните установи од културата, тие вчера информираа дека парите за априлската плата се префрлени. Доцнењето со платите настана откако се донесе владино решение за порамнување на платите на 2 899 вработени во националните и во локалните установи од областа на културата. Од Синдикатот на културата на […]

„Човекот по име Уве“ преведен и објавен на македонски јазик


Фредрик Бакман е шведски писател и колумнист, кој пишува лесно движечки приказни – одисеи за обичниот маж и обичната жена, за нивните секојдневни храбри потези и одлуки. Неговиот стил е екстремно смешен, но и емотивен и паметен. Досега објавил шест романи, две новели за животот и љубовта и една книга за родителство. Во 2012 година […]

Чествување по повод еден век од раѓањето на Димитар Митрев


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска од 12 часот организира чествување на Димитар Митрев,  основоположникот на современата македонска книжевна критика, по повод 100 години од неговото раѓање.  Беседа за Димитар Митрев (1919-1976) ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во оваа пригода ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска-Дракулевска, која ја доби наградата […]

Познатиот пијанист Березовски со два концерта во Филхармонија


Познатиот руски пијанист Борис Березовски денеска и утре ќе настапи во Филхармонијата. Виртуозот на пијаното, кој е меѓу најбараните современи солисти, вечер од 20 часот во камерната сала ќе има рецитал со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ. Заедно со него ќе настапат и македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, […]

„Новите книги на Русија” – изложба на руска литература


Во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска напладне ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија” која ќе може да се посети во наредните три дена. Ќе бидат претставени повеќе од две илјади книги објавени во последните години од водечки руски издавачки куќи, како: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „Росспен”, […]

(Видео) Славната виолинистка Ванеса Меј ја поздрави Македонија


Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати видео-порака до љубителите на уметноста во Македонија со кое ги повикува на нејзиниот концерт на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со кој ќе биде отворено годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните […]

Не е се загубено – две години од пожарот во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје


Меѓународниот настан „Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“ кој ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје в петок и в сабота, и чија појдовна точка е инцидентот од 21 април 2017 година, кога пожар го уништи Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, има за цел да […]

Предавање на Томислав Османли за ангажиран стрип


Предавање „Стрип и ангажман“ на писателот, новинар и есеист Томислав Османли ќе се одржи во кино салата на Музејот на современа уметност во Скопје на 29 мај во 20 часот. Во своето предавање Османли ќе се осврне на разните аспекти на општествено-културно влијание на стрипот и графичката литература. Низ примери од класичното и современо стрип […]

Промоција на книгата „Во Лотарингија“ на Емануел Рембер


Во Центарот „Јавна соба“ вечерва од 19 часот ќе биде промовиран македонскиот превод од книгата „Во Лотарингија“ на Емануел Рембер, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје. Престојот во секоја земја дипломатот Рембер го завршува со книга. По делото „Немирни денови во Либија”, престојот во Брисел […]

„Травијата“ на Мајските оперски вечери


На претпоследниот програмски настан од годинашните Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“ на  Џузепе Верди со Сања Керкез од Белград во главната улога, во режија на Верена Штојбер од Германија. – Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано […]

Наместо професионални актери, жени болни од рак ќе глумат во претстава


Приватниот „Интимен театар“ од Битола ја подготвува претставата „Жени“ во која наместо професионални актери, ќе играат битолчанки болни од рак на дојка. Мотивот на режисерката Софија Ристевска за еден ваков исклучително сензибилен театарски продукт е сè поголемиот број жени кои се соочуваат со оваа тешка болест, а во Битола има речиси епидемиски размери затоа што […]

Влијанието на технологијата објаснето преку детска претстава


Детската театарска претстава „Чек-ин пред зграда“ ќе ја има својата 50. изведба вечерва во кино „Фросина“ во Младински културен центар. Почетокот е закажан за 19 часот. Претставата ја разработува темата за модернизацијата, технологијата, интернетот и социјалните мрежи како неизбежна алка од времето во кое живееме. Несомнено зависноста од технологија, интернет и социјални мрежи кај младите […]

Сè што „Фолтин“ фатија, позлатија


Битолскиот музички состав „Фолтин“ во саботата во летниот клуб „Кабрио“ во Скопје го промовираа својот последен албум насловен „Момома“. Критиката за оваа музичка целина веќе се изјасни дека ова е најзрелиот албум на „Фолтин“. Тие пак велат дека е нешто ново за нив, оти е албум со песни и тука малку ја одбегнуваат експерименталноста која […]

Тројца автори добитници на наградата „Струшко слово“


Лидија Капушевска-Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ се годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ која петти пат ја доделува редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга во рамки на   „Струшки книжевни средби“. Ќе им биде врачена на завршниот дел од оваа манифестација што ќе се одржува од 4 до 6 јули во Струга, Охрид и […]

Анимираниот филм „Една“ на Вук Митевски на фестивал во Краков


Краткиот анимиран филм „Една“ на Вук Митевски премиерно ќе биде прикажан на 59. Интернационален филмски фестивал во Краков, во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови. Ќе се прикажува на 28 и 30 мај и ќе биде во трка за наградата „Сребрен змеј“ за најдобар анимиран филм, со уште девет анимации од цел свет. – […]

„Златна палма“ за филмот „Паразит“ на Бонг Џон Ху


Филмот „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон Ху ја освои „Златната палма“ на Филмскиот фестивал во Кан. Гран-прито е за филмот „Атлантис“ на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп. Таа е првата жена од африканско потекло, која се најде во натпреварот на филмските остварувања во Кан. Наградата за најдобар актер му припадна на Антонио Бандерас за улогата […]

Лиза Жерар од „Дед кен денс“ го потврди концертот во Скопје


Во период кога „Дед кен денс“ се на турнеја низ соседните држави, тимот на Младинскиот културен центар успеа да ја букира едната половина од овој експериментален музички состав. Лиза Жерар на 8 октомври ќе одржи концерт во Македонската филхармонија заедно со женскиот хор од соседна Бугарија, „Мистери војсис“. Првите 300 влезници за овој концерт ќе […]

Вестерн лик во Велес: Гари Купер добива мурал под Градски саат


Од Стрип центарот на Македонија (СЦМ) на ѕидот под Градски саат во Велес деновиве интензивно работат на голем мурал со познатиот вестерн холивудски актер Гари Купер, а за кој илустрацијата е на реномираниот стрип автор Владимир Весовиќ од Белград. Муралот го изработуваат велешките цртачи Ване Трајков, Горан Мазнев и Анита Гочева. Томе Трајков  од СЦМ-Велес […]

Дали глаголицата била напишана во близина на Крупиште?


Археолошкиот локалитет Кале, кај селото Крупиште во Општина Карбинци, кој се наоѓа  во близина на Брегалница и по 36 години од неговото откривање се уште ја чува тајната меѓу овие ѕидини, дали токму  ова е една  од  локациите, каде се напишани,  азбуки, веди, првите словенски букви. Археолошките претпоставки за овој локалитет и  Панонските легенди за браќата Кирил и Методиј, говорат дека глаголицата била напишана во […]