Продадени промотивните билети за Лиза Жерар во Филхармонија


Младинскиот културен центар неодамна најави дека фантастичната вокалистка Лиза Жерар , наградена со Златен глобус за музиката во филмот „Гладијатор“ и нејзиниот последен проект на кој сорабутува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија – The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје!

Првите 300 билети, кои беа по промотивна цена од 1000 денари се продадени. Следните 300 билети изнесуваат 1300 денари.

Билетите може да се набават на билетарница МКЦ и online преку продажната мрежа – bileti.mkc.mk

Концертот на Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices е во организација на Младинскиот културен центар, а ќе се одржи во Македонската филхармонија, на 8 октомври 2019 година.

Во професионалната биографија на Лиза која живее во Австралија се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл „Гладијатор“, таа и композиторот Ханс Зимер беа наградени со „Златен глобус“.

„Мистери војсис“ (The Mystery Of The Bulgarian Voices) се женски хор од Бугарија, кој опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално, самовилско пеење. Светот за првпат слушна за овој хор кон крајот на 80-тите години на минатиот век, кога хорот го издава својот истоимен албум „Le Mystère des Voix Bulgares“, кој се продава во огромен тираж и ги освојува светските сцени со своето мистично акапела пеење