(ФОТО) Улична уметност: Запуштени катчиња претворени во бајка


Американскиот уметник Том Боб се прикрадува во ноќните часови и ги разубавува улиците со својата фантазија.

Тој ги користи шахтите, столбовите, олуците, ѕидовите како главен материјал на кој се изразува. Неговата улична уметност станува сѐ повеќе популарна бидејќи неговите дела комуницираат со луѓето.

Од цевки претвора животни, од камен прави жаба или музички инструмент. Тој не само што има дава боја на непривлечните катчиња низ градовите, туку создава цела приказна околу нив.

Боб најчесто црта низ улиците во Њујорк, но негови изработки има и во Тајван и во Дубаи. Засега немал никакви проблеми бидејќи знае да избега пред да дојде полицијата.