Неверојатниот глас на Магдалена одекна во Њујорк


Младата Магдалена Алексовска предизвика громогласен аплауз од публиката со своето претставување на сцената на „Карнеги хол“. Алексовска настапи во рамките на млади таленти и претставува втората Македонка која како самостоен вокалист има застанато на оваа престижна сцена. Досега имаше настапено само незаборавната Вања Лазарова.

Магдалена се закити со третото место на престижниот гала-концерт на „Американ протеж“, кој е натпревар на светско ниво. Таа беше облечена во креација на македонската дизајнерка Mаја Десподовска, а за професионалната фотосесија се погрижи студиото „Фокус фотографи“.
Магдалена пред големата публика во Њујорк се претстави со „There are worse things I could do“ од прекрасниот мјузикл „Брилијантин“ и ја остави публиката маѓепсана од нејзиниот глас.

Со својот гламурозен настап, изглед и неверојатна театрална изведба Магдалена Алексовска е глас за големите сцени.
Бијонсе, Селин Дион, Лајза Минели се само дел од имињата кои имаат настапено на сцената на „Карнеги хол“ како млади таленти.