Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата


Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде отворена денеска во големиот салон на галерија „Ко-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени дела на преку четириесетина учесници од повеќе земји. 

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година


Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година. Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот […]

Питер Селарс за Светскиот ден на театарот: Ова е време за длабоко освежување на нашите умови


Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот годинава е американскиот режисер на опера, театар и фестивали, Питер Селарс. – Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, […]

Шербеџија го посвети концертот во Битола на Горјан Тозија


Концертот го посветувам на Горјан Тозија-Медо, на тој прекрасен човек кој, за жал, прерано замина, рече синоќа пред битолската публика познатиот уметник Раде Шербеџија. На целовечерниот концерт доминираа нумери од последниот музички албум „Не свртувај се сине“ на Шербеџија и „Западни колодвор“, но и старите добро познати хитови „Инес“, „Барбара“, „До последен здив“, македонската народна […]

Во Кочани изложени делата од 35. Ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“


Ликовните дела инспирирани од десетвековната културна и духовна традиција на манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, а создадени на 35. ликовна колонија, во наредните две недели ќе може да ги види и кочанската публика. Во Фоаје 2 на Центарот за култура „Бели мугри“ се изложени творбите на еминентни ликовни уметници од Србија, Бугарија, […]

Промовиран јубилениот 60. број КИНОПИС


Со пригодна презентација на најновото издание на КИНОПИС во петокот во кино-салата на Кинотеката беше одбележан јубилејот на единственото македонско списание за историја, теорија и култура на филмот и на другите уметности. Промотери на овој јубилеј на списанието беа д-р Атанас Чупоски, советник-филмолог и уредник во редакцијата, и Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на […]

Министерката за култура во Стоби: Американски грант за конзервација на Теодосијанската палата 


Со грант од филантропската организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ во висина од 300.000 американски долари, ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби. Како што соопшти Министерството за култура, проектот опфаќа и едукативни работилници за професионалци од областа на конзервацијата, археологијата и менаџментот со културно наследство. Во наредните три години НУ „Стоби“ ќе […]

(Галерија) Почит кон основоположниците на модерната македонска уметност – „Париски рефлексии“ во Чифте амам


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата, од денеска во изложбениот простор Чифте амам е отворена изложбата „Париски рефлексии“, која содржи на македонски уметници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни.   Министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека отварајќи ја оваа изложба токму денеска, ја потенцираме поврзувачката сила што како […]

Од руските бомби умре и најпознатиот украински балетан


  Водечка украинска балетска ѕвезда почина откако беше гранатиран од руските напаѓачи, предизвикувајќи гнев кај едно од најголемите имиња на московскиот театар Бољшој. Артјом Дацишин (43) бил во болница борејќи се за живот речиси три недели. Меѓународно признатата ѕвезда – почесен уметник на Украина – беше ранета во главниот град Киев два дена по почетокот […]

„Малиџано“ – нова премиера во Битолскиот театар


Театарската претстава „Малиџано“ е нов проект, пиеса, работена според текст и документарни материјали на Билјана Крајчевска, која премиерно ќе биде изведена на големата сцена на НУ Народен театар-Битола. Според директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ, претставата „Малиџано“ е доказ дека се негува македонската драматургија и по подолго време се поставува на сцената на театарот во […]

„Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот во Солун


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју. Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а ко-продуценти се Владимир Стојчевски (Аворд Филм и Видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју). […]

Славна украинска актерка загина во ракетен напад на Киев


Украина– Почитуваната украинска актерка Оксана Шветс е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, според Младиот театар каде што таа била дел од трупата. Таа наводно имала 67 години. Шветс работеше во театар и филм со децении и нејзините напори го собраа едно од највисоките почести на Украина, – „Почесен уметник на […]

Од Личеноски до Мартиноски – изложба „Париски рефлексии“ по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата


Изложба со дела на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни, денеска ќе биде отворена во 12 часот во изложбениот простор Чифте амам во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, а во организација на Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје. На отворањето на постановката насловена […]

Одбележување на јубилејниот 60. број на списанието „Кинопис“


Со пригодна презентација на најновото издание на списанието „Кинопис“ бр.59-60, со отворен разговор и дискусија на тема „Кинопис досега и отсега“ со уредникот и дел од авторите на „Кинопис“ во Кинотека денеска ќе се одбележи јубилејниот 60. број на списанието „Кинопис – периодичното списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности“ – […]

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер со настапот на врвна солистичка екипа ќе се одржи уште една изведба на една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од големиот италијански композитор Гаетано Доницети. Како што соопштуваат од Националната опера и балет, во оперската претстава ќе настапат нашата првенка […]

Изложба на Марија Павловска – „Остен“ ги претставува уметниците пријавени за Биеналето на цртеж


Со мултимедијалниот проект „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската и интернационална уметница Марија Павловска, денеска почна привју-програмата во која се претставуваат уметниците кои ќе учествуваат на Остен Биеналето на цртеж „Скопје 2022“ (ОБЦ 2022). Проектот на Павловска, кој денеска бепе претставен во галеријата „Остен“, се состои од изложба на полиптих од 32 дигитални дела (секое […]

Оскари 2022: Кога е годинешната церемонија на доделувањето на филмските награди?


САД- Оскарите во 2022 година сега се само прашање на денови. На церемонијата на доделување на престижни филмски награди, во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес, ќе присуствуваат многу од најголемите ѕвезди во индустријата. Церемонијата ќе се одржи во недела на 27 март, со почетокот на настанот во 20 часот по ET, или 1 часот […]

„Вера сонува за морето” со две награди на Интернационалниот филмски фестивал во Швајцарија


Филмот „Вера сонува за морето” освои две награди на годинашниот Интернационален филмски фестивал и форум за човекови права вo Швајцарија. Автентичноста на ова дело ја прикажува ситуацијата на семејството и жената во Косово и на Балканот, што соодветно, беше длабоко убедлива за членовите на жирито. Инспирирани од сопственото искуство на режисерката, храброста и издржливоста на […]

Чествување на поетот Јован Котески во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“


Чествување на поетот Јован Котески ќе се одржи денеска напладне во спомен – собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, по повод 90 години од неговото раѓање. За делото на големиот македонски поет, како што соопштија од библиотеката, беседа ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговата поезија ќе интерпретира […]

Водечката примабалерина на Бољшој ја напушта Русија: Боли што луѓето умираат


Русија– Водечка примабалерина на Бољшој, која неодамна ја осуди руската инвазија на Украина, ја напушта земјата за да се приклучи на Холандскиот национален балет. Олга Смирнова (30) минатата недела рече дека е „против оваа војна со секое делче од мојата душа“ и дека ја поддржуваат други руски балерини. Холандскиот национален балет во средата за BBC […]