Скопје Сити Мол и Синеплекс со 10 детски театарски претстави ги вклучува  најмладите во хуманитарна акција


Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс секоја недела за најмладите организира „Мој театар – Сити театар“ – циклус од 10 различни детски театарски претстави. Претставите се интерактивни, иновативни и едукативни, пренесуваат различни приказни, а музиката се свири во живо. Освен што се забавуваат и едуцираат, со посетите на Мој театар – Сити театар децата […]

Николовска, Баковиќ и Чотриќ добитници на наградата „Ана Франк“


Македонската писателка Кристина Николовска, Ивица Баковиќ од Хрватска и Александар Чотриќ од Србија се годинашни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“. Наградата се доделува за нивниот севкупен книжевен придонес на планот на културната комуникација, соработка и размена, а посебно за литературата за деца и млади. Наградата ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и […]

Со проекција на „Што зборуваме, што правиме“ почнува Недела на франкофонски филм


По повод месецот на Франкофонијата, Францускиот институт во Скопје организира Недела на франкофонски филм, во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и со амбасадите на Швајцарија и Романија. Официјалното отворање почнува вечерва во 20 часот во Кинотека, и тоа со проекција на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“ на режисерот Емануел Муре од 2020 година. Настанот […]

„Бојата на басот“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота, како и од македонската композиторка Дарија Андовска. Композицијата „FairVent“ – за гудачки оркестар, перкусии и фиксен медиум, од македонската композиторка Дарија Андовска, е напишана како нарачка за […]

Промоција на книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска


„Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ се книгите на авторката Марија Костадиновска кои ќе бидат промовирани денеска во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во Скопје. Двете книги се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а промоторка ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Извадоци од книгите ќе чита проф. Елена Ѓорѓиовска. […]

Презентација на орото „Копачка“ во рамки на проектот „Мрежа на УНЕСКО-ви културни простори“


Во рамки на Еразмус + проектот „Мрежа на УНЕСКО-ви културни простори“ во Делчево се реализираше настан насочен кон презентација на орото „Копачка“ пред научници и носители од Европа, а со цел размена на искуство и со запознавање со заштитеното оро од УНЕСКО. Етномузикологот и експерт во УНЕСКО, д-р Велика Стојкова Серафимовска, како предводник на гостите […]

„За нашиот Горан“ – претстава во чест на големиот драматург Стефановски


Преку театарска претстава, посветена на Горан Стефановски, Актерската школа на Весна Петрушевска, КМК Продукција и Македонскиот народен театар ќе оддадат почит на еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто.  – Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон […]

Истакнатиот театралог Ристо Стефановски почина на 94 години


Почина Ристо Стефановски, театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје (1957-1983). Од Драмскиот театар соопштија дека за датумот на комеморацијата дополнително ќе информираат. Ристо Стефановски е роден 1928 година во Скопје. По завршувањето на Државната театарска школа во родниот град, две години студирал глума на Театарската академија во Белград. […]

Концерт на „Диши љубов“ во петок во Филхармонија


На 25 март во петок, во концертната сала на Филхармонија, музичко-поетскиот и визуелен перформанс насловен „Диши љубов“ ќе ја одржи својата премиера. Бендот е составен од Џијан Емин – гитара, вокал, Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани. Како што рече на денешната […]

Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии


Во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 на 5. и 6. април годинава во Скопје ќе се одржи првиот хакатон за развој на концепти за нови културни доживувања, со користење на имерзивни технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација „Имерсиум“ (Immersium) за археолошките локалитети: „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и […]

„Мирно лето“ на Димитрие Османли е прво блуреј издание на македонски филм


На 25 март (петок) во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран блуреј (bluray) дискот со дигитално реставрираната верзија на МИРНО ЛЕТО на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм. Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара […]

Културата во фокусот на состанокот на Четвртата работна група за соработка меѓу Македонија и Бугарија во Софија


Во Софија, Република Бугарија, денеска, 22.3.2022 г.,  ќе се одржи третиот состанок на  Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу двете земји, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. На состанокот ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми […]

„Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ отсега и на јапонски јазик


Бајките „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Девојчето и дванаесет месеци“ и басните „Војската на лавот“, „Лакомата меца“, „Кучето и зајакот“ и „Жабата и зајакот“ што се дел од изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ отсега се достапни и на јапонски јазик. Според Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на […]

Промоција на книгата „Моите приказни“ на Киро Донев


Во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица денеска ќе биде промовирана книгата „Моите приказни“ на авторот Киро Донев. „Моите приказни“ претставува избор од неговите раскази, а објавувањето се совпаѓа со 80-тиот роденден на Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга. Пред читателите ќе биде претставена и специјалната серија на изданието […]

Театар Комедија одбележува десет години постоење


Националната установа Театар Комедија по повод одбележувањето десет години постоење, објави дека досега на нивната сцена се поставени 33 премиери, а претставите имаа 922 изведби. Оваа културна установа, како што информираше во соопштение, е една од најпосетувана, со вкупна бројка од 258.292 гледачи. На Светскиот ден на театарот – 27 Март, Театар Комедија влегува во […]

Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“, Џерардо Мазучо на наградата „Мостови на Струга“


Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во […]

Од Венко Андоновски до Ана Трпеноска- три македонски драми избрани меѓу најдобрите во Европа


 „Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од […]

„Бојата на басот“ – концерт во Филхармонија


Oвој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота и од македонската композиторка Дарија Андовска. Композицијата „FairVent“ – за гудачки оркестар, перкусии и фиксен медиум, од македонската […]

Концерт на американскиот бенд „A Place To Bury Strangers“ вечер во МКЦ


Вечерва, во МКЦ ќе одржи концерт американскиот бенд „A Place To Bury Strangers“! Како што се најавува, ова е трето гостување на „A Place To Bury Strangers“ во МКЦ во последниве 10 години. Овој пат, концертот е во рамки на нивната европска турнеја по повод промоцијата на нивниот нов албум „See Through You“.   Пред […]

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Малиџано“


На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна претставата „Малиџано“, пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска. Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, по прв пат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски. -За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е […]