Драмски театар со „Странци“ во Велес и во Битола


Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри.

Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја реализира пред публиката на

23-от Интернационален фестивал на монодрама кој се одржува во Битола. Претставата учествува во ревијалната програма и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура и Битолскиот народен театар на 21 мај (сабота) со почеток во 20 часот.

Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Во иведбата учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.