Мали, ситни, правни прашања


Ана Павловска-Данева Во време кога се решаваат „крупни политички прашања“ секое друго, кое не е поврзано со промена на името, Уставот или со амнестија и помирување, станува прашање од второстепено значење. Другите теми на правните експерти не им гарантираат „медиумска“ кариера, ниту пак дополнителен хонорарен ангажман. Пратениците од опозицијата, кои после амнестијата нема да бидат […]

Што ќе руча денеска Груевски


Ерол Ризаов Неизвесноста за усвојување на уставните промени, кои ќе ја одредат иднината на Македонија, големите и сложени судски процеси кои првпат се водат во толкав обем во земјата, постапките за помирување и амнестија во Собранието и маршевите без војска на улиците, судирот меѓу политиката и правото, драматичните вести за нивото на загадување на човековата […]

Манифест за демократизација на Европа


Томас Пикети, Антоан Вокез Во критичен момент за Европа, Манифестот кој следува – кој може да го потпишат сите европски граѓани откако ќе го прочитаат – донесува предлози за совладување на отпорот на политичките промени без апстрактни дискусии; донесува конкретен план за демократизација на европските институции и политики во насока на поголема фискална и социјална […]

Се распаѓа јавниот превоз на Скопје


Јавниот превоз на Скопје е пред колапс, а возењето со ЈСП за патниците секојдневно е сè потрауматично искуство. Наместо брз, ефикасен и еколошки транспорт, каков што заслужува секој современ град, Скопје е заложник на проблемите што ни ги отворија кинеските даблдекери и украинските автобуси, кои по само неколку години се покажаа како многу неквалитетни и […]

Mакедонски макијавелизам: Сатира и упикување


Ило Трајковски Некои човечки дилеми траат откако се светот и векот. А ќе траат сè додека има човек да филозофира, да мисли и дејствува. Да дејствува било како креатор на нови дела, било како пасивен сеирџија или, пак, како апологет и лакташ, седено. Така, деновиве гледаме, читаме и слушаме како со една од најстарите дилеми […]

Македонија ќе игра руски рулет


Ерол Ризаов Скопската Котлина опколена со планини кога нема ветер да ги оддува отровите е меѓу најзагадените подрачја во светот. Оваа стравотна, но многу бајата вест сè уште ќе ја примавме со спокојство како да се работи за некоја далечна, во џенем, индустриска четврт ако загадувањето преку ноќ не стана значајна политичка пресметка. Ќе си […]

Втора шанса за Британија


  Иан Бурума На 9 мај 1950 година, кога европските земји само што почнаа да излегуваат од урнатините на војната, францускиот државник Роберт Шуман го објави својот план за создавање на Европската заедница за јаглен и челик. Со здружување на овие витални воени материјали под заеднички европски орган, насилниот конфликт меѓу Франција и Германија ќе […]

Правда за Али


Горан Адамовски Идната недела ќе поминат точно девет месеци откако Специјалното јавно обвинителство прв и последен пат (досега) во своите случаи го спомна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Како партнер на Никола Груевски, заедно сработеле да не се одржи пописот во 2011 година. Истрагата против него никако да се сработи. Можеби затоа што „специјалните“ […]

Да не им продаваме на Грците византиски игри


Ерол Ризаов Како да забегуваат новите и старите уставотворци и уставобранители. Впечаток е дека луѓево заборавија дека се работи за неколку уставни амандмани кои се дел од компромисот стриктно одреден со Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција. Четирите амандмани со отстапки, во замена за европската иднина на Македонија, се претворија не само во пишување нов […]

Бегството на Груевски и митот за ЕУ


Здравко Савески Бегството на Никола Груевски донесе делегитимација на власта и по последната (и најсилна) основа. Многумина беа подготвени да им го простат владеењето на ист, па и на полош начин во однос на претходната власт, но очекуваа Груевски да си го добие заслуженото, да заврши в затвор заради корумпираното владеење. Постоеја стравови дека корумпираните […]

За анкетите


Александар Кржаловски Во претходната колумна пишував за анкетата на МЦМС (тогаш последна, т.е. актуелна) за политичките случувања во земјата, особено околу гласањето за почеток на уставните промени од 19 октомври. Покрај коментирањето на резултатите од анкетата, една од причините за написот беше и демистификација на некои работи околу анкетите воопшто, но што поради интересните резултати, […]

Судот ја победи политиката – засега


Александра М. Митевска Сведочењето во судот на Александар Василевски-Нинџа, еден од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок, е шокантно и скандалозно – и под претпоставка да е делумно вистинито, со оглед на демантите за својата улога во крвавиот четврток на некои од оние што тој ги наведе како сценаристи на упадот во парламентот. Посочените […]

Аждерски третман на општата дезориентираност


Марија Павлеска Битолскиот театар е единствениот театар кој оваа година излезе со мото за својата нова сезона. Следејќи го мотото „Ако ви е добро, тогаш ништо“, овој театар направи и избор на режисери во чија бескомпромисност и посветеност на театарот ретко кој се сомнева. Имињата што беа поканети да режираат важат за едни од најзначајните во […]

Иванов на исчезнување


 Ерол Ризаов  Дали државниот јавен обвинител чека Ѓорге Иванов да избега од земјата, па да покрене обвинителен акт против претседателот на државата кој со години прави тешки кривични дела со попречување на правдата, учествува активно во блокирање на остварувањето на најзначајните стратегиски државни интереси, како што се евроатлантските интеграции и членството во ЕУ и во НАТО, флагрантно го […]

Полска може да се врати на европскиот пат


Славомир Сјераковски Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) конечно презеде чекори за усогласување со декретот на Европскиот суд на правдата (ЕСП) со кој се наложува да се сменат некои од судските „реформи“ што стапија во сила во јули. Според таа легислатива, ПиС се обиде да ги избрка судиите од Врховниот суд кои не ги […]

Без жртва, нема почист воздух


Сања Наумовска Истиот ден кога во Скопје и во уште неколку македонски града беа регистрирани пиковите на најголема загаденост на воздухот во сезонава, со десетпати повисоки вредности на ПМ10 честичките од максимално дозволените, Царинската управа ја обелодени информацијата дека Македонија е депонија за најстарите возила од цела Европа. Во првите девет месеци, според податоците од […]

Комплекси


Александар Николоски „Се работи за нација со комплекс, која мора да си бара корења назад 2000 години. Ако го нема Александар Македонски, ние не знаеме кои сме, престанете, срам ми е да ве слушам…“ – овие зборови одекнаа силно минатата недела. И не, не беа тоа зборови на грчки министер за надворешни работи, туку на […]

Затворете ги устите, се задушивме


Ерол Ризаов Она во што сите здраворазумски луѓе се сомневаа, а на судската истрага ѝ требаа докази, почна да се одмотува во судот. Сведоштвата за злосторствата на 27 април лани излегуваат на виделина како работела подмолната организација со виенските директиви на Никола Груевски до неговите извршители и за подготовките во претседателската резиденција на Ѓорге Иванов […]

Неказнивоста како антиначело


Никола Поповски Многумина во и надвор од Македонија предупредуваат дека антиначелото на де факто неказнивост за сериозни кривични дела во земјава добило длабоки корени, односно дека правдата не може да стигне никого или само малкумина и дека постапките што водат кон отворени злоупотреби и отворен криминал од страна на државните органи се најчесто покриени со […]

За „Тврдина“ не може да има амнестија


Александра М. Митевска Актуелната владејачка гарнитура налета на „минско поле“ поставено веројатно во периодот пред избувнувањето на политичката криза во земјава, со оглед на информациите дека уредите за прислушување на телефонската централа во новата зграда на јавното обвинителство датираат од времето на сè уште неприкосновеното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, од периодот пред опозициските „бомби“ да […]